Калиум за здраво срце
Сигурно сте слушнале дека внесувањето поголеми количини натриум може да го зголеми крвниот притисок. Но дали знаете дека калиумот може да го намали? Калиумот исто така го намалува ризикот од појава на камен на бубрег и проблемот со стареење на коските. Доволно е да внесувате дневно околу 4.700 мг калиум преку храна, не суплементи. Овошјето и зеленчукот се најдобрите извори за калиум кој воедно најлесно се апсорбира во телото, за разлика од калиумот кој го има во млекото, месото и житните култури.
Изберете од следната листа овошје или зеленчук богат со калиум:
– банани
– грав
– дињи
– варен листест зеленчук (блитва, кељ, спанаќ)
– портокал и сок од портокал
– соја
– доматен сос, паста или пире
– бели компири