Како влијаат боите на бебето
Сигурно веќе се потрудивте за вашето бебе да набавите креветче, гардероба, шишенца, козметика и друг неопоходен прибор, но дали знаете дека просторијата во која бебето спие исто така е важен фактор?
Еве неколку корисни совети во врска со боите во просториите во кои сте го сместиле вашето бебе.
Општо познато е дека зелената боја делува смирувачки така што бебињата кои се во простории искречени во зелено се мирни, тивки и смирени личности. Бебињата кои поминуваат време во т.н сини соби се позимурливи од другите. Сината боја влијае на подобрување на цврстиот карактер. По истражувањата на светските организации бебињата кои растеле во жолти соби имаат дар за креативност, како и позитивни ставови за животот. Бебињата чии родители ѕидовите од собата ги искречиле во црвено можат да очекуваат бебињата да им бидат изразито енергични, дури и малку агресивни. Доколку дојде до тоа, препорака е да ја смените бојата на ѕидовите.