• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Дом

Како да го средите хаосот од книги

by РиД 02/11/2010 0 Comment
 Како да го средите хаосот од книги

Имате многу книги во својот дом и сигурно ви се случило да се најдете во ситуација да барате одредена книга, а да не можете да ја најдете. Не сте сигурни дали сте ја позајмиле или можеби некаде сте ја оставиле.

За оние кои имаат книги повеќе од просечно, а често ги користат, тоа е стресна ситуација. Денес кога стресот доаѓа од секаде, барем книгите не треба да бидат причина плус за него. Еве како да најдете лек за оваа ситуација.

1. Соберете ги сите книги кои ќе ги најдете дома, буквално во еден куп на средина од собата. Ќе изгледа страшно, но верувајте, тоа е најдобар можен почеток.

2. Почнете со сортирање во групи категории: прирачници, кувари, белетристика, стручна литература и тн. Некогаш категориите ќе се поклопат. Тоа за сега не е пресудно, ако моментално не може да се сортираат, ставете ги во одделно купче, тоа ќе го решите подоцна.

3. Во секоја категорија ќе има и поткатегории. Тргнете од најголемото купче и размислете за можно подетално категоризирање на секоја, буквално секоја книга, па според таа поделба наредете ги. На пр. најголемо купче на подот е „ фикција„, одделете ја научната фантастика, класика и бестселери.

4. Погледнете го сега она недефинирано купче. Можеби некои од книгите е полесно да се стават во некоја од подкатегориите кои ги направивте. На пр. подкатегорија „ не е фикција„ може да има подкатегорија „ биографии и автобиографии„. На пример биографијата од некој пејач или група, можеби е подобро да се смести во таа категорија, доколку немате книги за музика.

5. А сега сте подготвени да ги организирате полиците за книги. Пред се, размислете за тоа каде некоја книга ќе ја читате – готвачите сигурно во кујната или во дневната соба, прирачниците и стручната литература ќе ви требаат во близна на работната маса. Можеби пред се ќе треба да поставите уште полици, на повеќе места во домот, зошто не?

6. Доколку е можно, категориите држете ги заедно, а подкатегориите на посебни полици. Групирајте ги книгите според автор и по азбучен ред, во секоја категорија и подкатегорија.

7. Не се заморувајте со големината на книгите! Подобро размислете за редење на книгите во два реда по длабочина. Во тој случај, книгите со меки корици, држете ги напред. Тие не се толку убави како книгите со тврди корици, но преку нив полесно е да се види и дофати некоја книга во позадина.

8. Ако имате многу мали книги со меки корици, еднакво големи, наредете ги легнати една на друга, со корицата кон вас. Освен што лесно ќе ги најдете, нема да се стуткаат.

9. Ако видите дека книгите од една категорија се поголеми и потешки од другите, на пр. речници, ставете ги на најниската полица. Тоа ќе обезбеди поголема стабилност на самата полица и ќе го спречи нејзиното искривување.

10. Сигурно ќе имате и оделни книги кои се многу поголеми од другите во својата категорија. Издвојте ги и наредете ги заедно на долната полица. Такви примероци, а тоа се вообичаено книги за фотографија или монографија, не за џабе се нарекуваат „изложбени примероци„, бидејќи најчесто изгледаат изложени на да речеме, масичката за кафе.

11. Последно, но важно, размислете за тоа кои книги сакате да се секогаш и за секого видливи. Вашата библиотека многу зборува за вас, а вашите гости сигурно со задоволство ќе ѕирнат во вашите книги. Значи, можеби сакате да ја задржите својата омилена белетристика, ефтина литература купена во некој киоск, книги за здравствени проблени, на за вас и членовите на вашето семејство, помалку видливо место. Затоа на пример постојат затворени полици, додека изложбениот простор е резервиран за изложување пред јавноста, на исклучително квалитетна литература.

И уште нешто, кога на некого ќе му позајмите книга, направете забелешка за тоа, кому, кога и која книга сте му ја позајмиле. Ставете ја меѓу две книги, на местото каде стои позајмената книга. Така ќе имате потсетник за постоење на истата на најсигурно место.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 554

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: dom knigi polici ureduvanje дом книги полици уредување
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved