Нов тренд – кадифен маникир
Ако сакате ноктите да ви бидат во тренд, време е за кадифен маникир. Новитетот доаѓа од козметичката куќа Ciate’s која за дамите понуди неколку нијанси лакови кои доаѓаат во комплет со кадифени честички запакувани во посебно кутивче и четкичка.
Потребно е само да ги излакирате ноктите со лакот, па веднаш над нив да нанесете малку од кадифените честички. Потоа со четкичката лесно распоредете ги на целата површина од ноктот. Оставете да се исуши и вашите нокти се готови. Уште да ги искомбинирате со омилената кадифена блуза.
Овој маникир нема да ви ги стопли прстите, но сигурно ќе привлечете внимание каде и да се појавите.