Изградете емоцинална врска со вашето бебе
За многу родители емотивното поврзување е директна чувствителност која се случува во текот на првите часови или денови од животот. Сепак, за вашето бебе, таа врска не е само еден момент.
Се создава постепено и со тек на времето. Емотивната врска се развива од очекувани и соодветни начини на давање внимание. Размислувањето како да ја задоволи својата потреба е еден од основите процеси кои ги презема вашето бебе. Брзото возвраќање на неговите барања ќе му помогне на бебето да создаде доверба во вас, во самото себе и неговата околина.
Овие совети ќе ви помогнат да создадете добра комуникација со вашето бебе:
1. Наместете го своето лице близу до лицето на бебето и гледајте се очи во очи. Вашето насмеано лице, промената на изразот на лицето и нежниот глас ќе го привлечат.
2. Нежен допир ќе го нахрани емоционалниот развој на бебето, ќе направи да се чувствува сигурно.
3. Масажата е еден од најефикасните подароци кои можете да му ги дадете на своето бебе. Тоа е јазик на љубовта меѓу родителите и бебето кој има многу позитивен ефект. Опушта, го отстранува стресот и му помага на бебето да заспие полесно.
4. Држете го бебето на своите гради и дишете длабоко. Топлината на вашето тело, мирисот на вашата кожа и чукањето на вашето срце се многу смирувачки. Исто така можете да се истуширате со бебето.
5. Зборувајте со бебето! Не се грижете дека можеби ќе звучите глупаво. Вклучете го бебето во вашите активности зборувајќи му додека било што работите. Прв пат кога ќе почне бебето да се смее и прави звуци, почнете да му повторувате по некои зборови повеќе пати.
6. Пејте му на бебето! Постои ли подобар начин да му ја покажете својата љубов и радост? Дури и ако мислите дека пеењето не е најдобро, за вашето бебе е најдобро! Тоа ги сака вашиот труд и внимание.
7. Не ви се потребни скапи играчки за да си играте со бебето, затоа што вие сте неговата најважна играчка! Помогнете му на бебето да научи да го истражува светот околу себе во тек на првите месеци, така што неговите играчки и светот ќе ги направите реални.
8. Бебињата сакаат музика, движење и ваша близина. Пушете тивка музика и нежно играјте со бебето во собата.
9. Тоа на бебето ќе му биде како лесна и нежна вежба. Физичката подвижност е едноставна и спаѓа во забавен начин да му покажете љубов на своето бебе. Пејте и играјте во ритамот на песните со бебето!
10. Читањето е одличен начин да воспоставите врска со бебето додека ги развива своите јазични способности. Почнете со големи книги кои имаат јасни илустрации. Лулајте го бебето во рацете и дозволете да го почувствува искуството кое го овозможува читањето книги.