Ин витро фертилизација – најважни прашања и одговори
Како функционира вештачкото оплодување? Постои ли возрасна граница? Како постапката влијае на врската? Еве ги одговорите на најважните прашања за ИВФ постапката.
1. Колку долго да чекаме додека отидеме на лекар?
– Тоа зависи од возраста на двојката. Крајно невообичаено е младите жени (помлади од 35 години) да не забременат по две години не користење контрацепција, но таа ситуација е исто така нормална и за 45 годишна жена. Сепак нормално е двојките по отприлика една година секс без контрацепција да направат спермограм за да се исклучи можноста од машки проблем со плодноста. За обавување на подготвителни испитувања се‘ уште не мора да се оди на клиника.
2. Како точно функционира вештачкото оплодување?
– Она што всушност се нарекува вештачко оплодување, не е вештачко, ако сакаме да бидеме прецизни. ИВФ се одвива како и природното оплодување, само што се случува во епрувета. Спермата и јајце клетките се спојуваат исто како и во јајоводот. Вештачкото оплодување ги вклучува следните чекори:
– Преглед на сперма – се тестира бројноста, подвижноста, обликот и можните инфекции на машките јајни клетки. На спермограмот може да се види дали мажот е плоден и колку.
– Хормонална стимулација – прво со помош на лек се сопира природната активност на јајниците, потоа со дневна доза хормони се овоможува паралелно созревање на поголем број јајцеклетки. По отприлика две недели тие, исто така хормонски поттикнати, се подготвени за овулација и со тоа за оплодување.
– Пункција на јајни клетки – лекарот зема од јајниците на жената созреани јајце клетки и ги става во хранлива течност.
– Оплодување – сперматозоидите целно се подготвуваат во епрувета и се подготвуваат со јајцеклетки. До три здрави оплодени јајце клетки кои се‘ уште не се поделени, можат понатаму да созреваат.
– Пренос на ембрионите (ембриотрансфер) – по два три дена од оплодените јајцеклетки настануваат ембриони со осум клетки. Се внесуваат во матката со една цевка по неколку дена од пункцијата.
3. Може ли примерок сперма за тестирање да се однесе од дома?
– Ако успеете за 30 минути да однесете примерок сперма од дома до клиника, во стерилен затворен сад, тогаш може. Примерокот за тестирање мора да се носи до телото, на топло, за да ја задржи телесната температура. Со тоа сперматозоидите ќе останат подвижни и живи.
4. Дали оваа терапија е непријатна за жената?
– Долго жената морала секојдневно да оди на лекар за да до шестиот ден од циклусот и‘ вбризгува хормони. Во меѓувреме се појавија еднократни инекции со однапред одредена доза активни супстанции кои жената може сама да си ги даде. Хормоните ги поттикнуваат јајниците да создаваат повеќе од една јајце клетка. Отприлика една третина од жените се чувствува надуено во фазата на стимулација. Многу жени брзо и поинтензивно се потат. Но во ретки случаи мора да се прекине со хормонска стимулација, бидејќи жената не ја поднесува. При земањето јајце клетки многу лекари советуваат да се земе средство за спиење, локална или целосна анестезија (околу 15 минути) затоа што тогаш процесот се прави со многу помалку компликации.
5. Колкави се шансите вештачкото оплодување да успее?
– Прилично големи, ако се споредат со оние при нормален сексуален однос. Во тек на сексот без заштита можноста за бременост е 15-20% во секој циклус. Со вештачко оплодување се зголемува можноста за 10%. Причина за тоа е прецизниот изборна вистински момент – јајцеклетката и сперматозоидот се спојуваат во најповолниот момент. Додуша мајчината возраст е од големо значење – кај 30 годишните жени има 34% шанси за успешно ИВФ, додека тој процент кај 45 годишните жени е само 12%. Според некои истражувања жените кои одат на акупунктура пред ИВФ постапката за 65% ги зголемуваат шансите за успешно оплодување. Точната поврзаност не е објаснета, па стручните лица претпоставуваат дека станува збор или за таложење на невротрансмитерите кои влијаат на циклусот на жената и плодноста, како и на матката, или пак за зголемено производство на опиоиди кои настануваат во телото на жената и ги намалуваат телесните реакции на стрес при вештачкото оплодување.
6. Зошто при ИВФ често се раѓаат близнаци?
– За да се зголемат шансите за успех при вештачко оплодување, во матката смеат да се вратат најмногу до три ембриони – и тие понатаму сите можат да се развиваат природно. Жените помлади од 38 години денес лекарите им враќаат најмногу две јајце клетки. Затоа речиси секоја двојка близнаци во Германија е резултат на вештачко оплдување. Логично е дека тие близнаци се двојајчани.
7. Дали при ИВФ е поголем ризикот од хендикеп?
– Зад ова прашање се крие конкретен страв – при интрацитоплазматска инекција (ICSI) јајце клетката нема можноста да избере соодветен сперматозоид. Тоа значи дека сперматозоидите кои по природен пат никогаш нема да дојдат до нејзе, сега имаат можност. Досега сепак може да се докаже благо зголемен ризик. Никогаш за тоа не е виновен видот на оплодување, туку поголема е веројатноста тоа да е резултат на проблемите на родителите со оплодувањето. Имено тие можат да го дадат тоа во наследство при терапијата.
8. Што се случува ако мажот е неплоден?
– Инсеминацијата односно пренесувањето на ејакулат дирекно во матката со семенски материјал од донатор во Македонија веќе седум години е дозволено и при тоа најчесто се користи семенски материјал од странство, бидејќи нема банка за сперма. Во странските држави при донација на сперма строго се тестираат квалитетот, количината и соодветноста за замрзнување. Се одбиваат кандидати со негативни наследни предиспозиции, како што се чести инфаркти или заболувања од рак во семејството. По правило само 10% од кандидатите ги исполнуваат сите услови.
9. Постои ли возрасна граница за ИВФ?
– Жените постари од 40 години треба да имаат реални очекувања од терапијата, бидејќи со ИВФ или не жената е постара и со тоа се помали шансите да забремени. Со тек на годините се намалува бројот на јајце клетки и се‘ почести се циклусите без овулација. Покрај тоа поголема е шансата да дојде до спонтан абортус.
10. Дали меѓу двојките кои не можат да имаат деца на природен начин е поголема стапката на разводи?
– Едно е сигурно – да не се превземе ништо за да забремени жената, заморува. Дали овие искуства ги зближуваат или разделуваат двојките, стручните лица не можат едногласно да кажат. Најновата студија на универзитетот о Јен и Фрајбург, во која се испитани двојки меѓу 43 и 65 години кои не можат да имаат деца затоа што тие така сакаат, сепак е охрабрувачка – тие двојки се подеднакво среќни и задоволни како и двојките со деца.