Зајакнете го имунитетот на природен начин
Ладните денови се пред нас, а со нив стигнуваат и првите настинки. Има многу начини како можете да го зајакнете имунитетот на природен начин и да ги избегнете болестите, а овие се најважните:
Дневник
Секојдневно пишувајќи дневник, ќе се ослободите од насобраниот стрес и негативните емоции. Тоа е резултат од истражувањето спроведено на универзитетот во Стоун Брук, кое заклучува дека до позитивни промени доаѓа поради поврзаноста на умот и телото.
Вежбање
Изберете спортска активност со која ќе се занимавате 30 минути секој ден, бидејќи така ги намалувате шансите за настинка за 50%, вели студијата од универзитотот во Северна Каролина.
Гаргара
Земете млака вода и сол, па правете гаргара, бидејќи така го чистите грлото од бактерии. Научниците во Јапонија докажаа дека овој секојдневен третман го намалува ризикот од настинка до 34%.
Дружете се
Како пишувањето дневник, и дружењето со пријателите е добро з имунитетот. Дружбата со луѓе во чие друштво ви е пријатно, го намалува ризикот од настинка за дури 75%, вели истражувањето од универзитетот Вилкис од Пенсилванија. Не морате да планирате големи дружења, туку доволни се неколку минути дневно со личност која ви е драга и секогаш ви дава поддршка.
Пржена храна
Секој пат кога пржите храна се создаваат незситени масни киселини кои го слабеат имунитетот, а ги има и во некои готови производи и слатки. Освен со избегнувањето на пржената храна, тие киселини можете да ги избегнете и ако ги читате декларациите на производите.
Избегнувајте лекови
Кога земате лекови против главоболка, како аспирин или друг, тие ги уништуваат белите крвни зрнца, а само тие создаваат комбинации одговорни за напад и уништување на инвазиите од микроорганизми, вели Кетрин Шериф, лекарка од филаделфискиот Центар за женско здравје. Таа советува таквите лекови да ги користите што помалку и да пробате некои природни методи.
Визуелизација
Петнаесет минути дневно позитивен став за своето здравје може да има добро влијание на имунолошкиот состав. Кит Деорио од универзитетот во Илиниоис вели дека таквата визуелизација го поттикнува мозокот да работи на тој начин и го јакне телото полесно да се бори со вирусите и бактериите.
Пијте чај
Истражувањата покажуваат дека произведува три пати повеќе интерферон ако човекот пие 20 грама црн чај дневно. Црниот чај има единствени антиоксиданси кои го зголемуваат производството на интерферон за смао два дена.
Мијте раце
Една од најважните заштити за имунитет е редовното миење раце, бидејќи со нив често ги допираме лицето и храната, па бактериите полесно влегуваат во организмот.
Хоби
Занимавајќи се со омилената активност дваесеттина минути на ден, го зајакнувате имунитетот за 75%. Научниците од универзитетот Стони Брук во Њујорк, велат дека тоа е бидејќи така се намалува стресот и расте бројот на бели крвни зрнца кои ги уништуваат вирусите.
Јадете брокула
Истражувачот Андре Нил, вели дека брокулата има сулфорафран, соединение кое е заслужно за активација на специфичните гени во клектите на имунолошкиот систем, а тоа значи дека тие се делотворни ако редовно го јадеме овој зеленчук. Освен тоа брокулата нè штити и од напад на штетните состојки познати како слободни радикали. Ако не сте љубител на брокула, извори на сулфрафран се прокељ, зелка и карфиол.
Витамин Д
Го намалува ризикот од настинка и придонесува за побрзо заздравување во случај на пад или кршење на коските за 29%, велат канадските научници. Витаминот Д е важен, бидејќи го поттикнува растот баш на сите клетки во телото.
Лук
Органската состојка позната како алицин му ја дава главната антиоксидтивна улога на лукот, а сулфурот помага при побрзо производство на антитела кои се борат со вирусите.
Опуштете се покрај ТВ
Резултатите од истражувањето на универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург, велат дека опуштањето со омилената ТВ серија, му помага на имунолошкиот систем за 80%. Значи, ефектот е ист како и при вежбање или занимавање со омиленото хоби, бидејќи се намалува нивото на стресот.
Наспијте се
Редовното спиење е многу важно за здравјето на организмот. Професорот Џејмс Б.Мас од универзитетот Корнел смета дека хроничната ненаспаност го исцрпува телото и човекот полесно подлегнува на вирози и настинки. Додајте барем половина час повеќе за спиење и веднаш ќе се почувствувате подобро.