Иконата на годината, Џенифер Лопез со инспиративен говор ги расплака обожавателите
– Сите овие години како да се натпреварувавме едни против други, кој ќе освои подобри резултати во работата, ќе добие повеќе награди и номинации, ќе издаде повеќе албуми. Тежнеевме да бидеме први во сè. А потоа ни се случи 2020 година и сите нè потсети на нештата кои навистина се важни – го почна говорот убавата Лопез, облечена во прекрасен црвен фустан, и продолжи:
– За мене најважни се луѓето. Затоа од срце ви благодарам што оваа награда доаѓа од вас. Оваа година посебно сфативме дека ништо не можеме сами. Дека треба да се здружиме, да си помагаме едни на други, да се сакаме и да бидеме пристојни. Всушност низ целата кариера се трудев да ги усреќам луѓето, да ги инспирирам, да им бидам добар пример, да допрам до нивните најдлабоки емоции. Тоа го правев приватно, но и службено. Сè што правам, го правам од срце и искрено. Од мало девојче од Бронкс, со големи соништа, па до денеес кога имам привилегија да настапувам на најголемите светски сцени. Многу поминав, многу научив, но сè уште учам. Како девојче со латино потекло, ми беше многу потешко. Морав повеќе да се трудам. Многумина ги плашеа моите соништа и цели. Ми зборуваа дека нема да успеам и не можам да бидам истовремено актерка, пејачка и посебно бизнис жена, бидејќи како личност од шоу бизнисот никој нема да ме сфати сериозно. Секој пат кога нешто такво ќе чуев, знаев дека уште повеќе ќе успеам – изјави Џеј Ло и заклучи:
– Затоа на сите девојки и жени во светот, без разлика на возраста, расата и верата, сакам да им порачам да не се плашат од своите соништа. Без разлика од каде доаѓаат можат да успеат и мораат да бидат горди на своето потекло. Единствено што може да ги запре во реализирање на нивните соништа се тие самите.