Забранети играчки
а пазарот секојдневно се појавуваат нови и интересни играчки кои би биле одлична забава за децата од различни возрасти. При изборот морате да бидете многу внимателни.
Некои од нив се опасни од едноставна причина – поради ситните делови кои можат да предизвикаат задушување, а некои поради многу поопасни причини , како што е пронаоѓање игли во играчките, или делови кои експлодираат.
Дрвени играчки
Импортер: Daiso California LLC, of Burlingame, California
Опасност: Играчките имаат мали делови кои можат лесно да се скршат, а децата да ги голтнат и да се задушат.
Полнети играчки
Производител: Shanghai Oriland Toys Co. Ltd., of China
Опасност: Игли за шиење се најдени во материјалот со кој се полнети овие фигурички, поради што можат да предизвикаат сериозни повреди.
Инциденти: Пријавени се два случаи од вработени во фабриката, дека се најдени игли во фигурите. Не се пријавени повреди.
Детски работилници
Производител: Little Tikes, of Hudson, Ohio
Опасност: Овие малечки работилници, содржат големи пластични навртки кои можат да ги голтнат децата и да се задушат.
Инциденти: Пријавен е еден случај на 11 месечно бебе кое голтнало таква навртка, која се заглавила во грлото и предизивикала задушување. За среќа реагирано е на време и бебето е спасено.
Моето милениче
Производител: LeapFrog Enterprises Inc., of Emeryville, Calif.
Опасност: Деловите кои се на шепите и под кои има копчиња за притискање, лесно се одлепуваат, а малите деца можат лесно да ги голтнат.
Инциденти: Пријавени се два случаи кога деца успеале да ги отсранат тие ситни делови, вклучувајќи и еден кога детето го голтнало делчето.
Детски телефон
Производител: Evenflo Co. Inc., of Miamisburg, Ohio
Опасност: Површината од огледалото на телефонот, лесно се лупи и постои опаснот од задушување, ако се голтне.
Пластични топки
Импортер: American Greetings Corp., of Cleveland, Ohio
Опасност: Површината од овие топки содржи високо ниво на жива, која е опасна за здравјето на децата.
Столче за плажа за полнети животни
Импортер: Build-A-Bear Workshop®, of St. Louis, Mo.
Опасност: Ногарките од ова играчка лесно се кршат и можат да предизвикаат посекотини или други повреди.
Инциденти: Пријавени се осум случаи на вакви повреди
Плишено мече
Дистрибутер: State Farm, of Bloomington, Ill.
Опасност: Очите од мечињата лесно се вадат и можат да бидат причина за задушување
Инциденти: Пријавен е еден случај на девојче кое ги извадило очите ги ставило во уста, но за среќа не ги проголтало.
Сет со фонтана за аромотерапија, спа и бањање
Импортер: JAKKS Pacific Inc., of Malibu, Calif
Опасност: Овој на изглед привлечен и интересен сет за девојчиња е впрочем навистина опасна. Во тегличките во кои има различни средства за бањање, купки и сл, се создава притисок од јаглеродниот диоксид кој се создава внатре, со
што станува опасна „бомба„ и може да предизвика експлозија. Покрај тоа во смесата има citric acid кој ако дојде до очите во текот на експлозијата може да предизвика силна иритација.
Инциденти: Пријавени се 88 случаи со експлозии на тегличките, вклучувајќи и 13 повреди. Повредените деца од 6 до 11 годишна возраст имале иритации на очите, посекотини и модрици на лицето (од летањето на деловите).
Тропалка
Импортер: Tupperware U.S. Inc., of Orlando, Fla.
Опасност: Округлиот дел од тропалката лесно се крши на ситни парченца, поради што се појавува опасност од голтање и задушување.
Инциденти: Пријавени се два случаи на кршење на играчката, но немало повредени.