Хуманитарна акција во Скопје ЗОО за малата Симона
Четиригодишната Симона Хаџи-Тошев, боледува од акутна нелимфобластна лекумија, за чие лекување потребни се 140 000 евра. Деновиве се собрани над 30.000 евра, а малата Симона со родителите веќе се во Загреб.
Зоолошка градина Скопје се приклучува во хуманитарната акција и ги повикува сите посетители да донираат за Симона во недела (27.10). Од 09:00- 18:00 ќе бидат поставени кутии за донации, а во меѓувреме ќе може да се дружите и фотографирате со омилените Дизни маскоти, да гледате бесплатно магионичарско шоу и многу други содржини преку кои ќе помогнеме да се соберат средства за малата Симона.
Да бидеме хумани, да спасиме еден млад живот. За среќно детство на Симона!
Во меѓувреме можете да донирате на жиросметка
270-7000448932.95
Халк банка
примач Симона Тошев
или
телефонски на следните броеви
Телеком 143 424
А1 143 460