• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забременување Сакам бебе

Храна која го помага зачнувањето

by РиД 04/10/2012 0 Comment
 Храна која го помага зачнувањето

Кога ќе дојде време за бебе, кујната е важна подеднакво како и спалната соба. Храната и плодноста се поврзани многу едноставно – потребни ви се здрави јајце клетки и сперматозоиди, но и добра здравствена состојба на организмот за да се случи оплодување и да се развива плодот правилно. За да го постигнете тоа, неопходен ви е посебен режим на исхрана, објаснува Зита Вест, британска нутриционистка.

Кога ќе се спомене нутриционистичкиот аспект во оплодувањето, многу двојки се двоумат, бидејќи им е многу комплицирано да ги сменат навиките. Други пак без размислување веднаш ги исфрлаат од исхраната сите намирници за кои се сомневаат дека се нездрави или не јадат ништо кое не е од органско потекло. Таков став може да предизвика повеќе стрес, кој воопшто не е пожелен кога треба да бидете максимално опуштени додека правите бебе. Тоа посебно се однесува на двојките кои работат на тоа извесно време или се подвргнати на терапија за лечење стерилитет. Нутриционистката Зита Вест препорачува да се придржувате до четирите основни правила за исхрана, кои ќе ви ги претставиме, бидејќи ќе имате поголема корист – ќе го подобрите здравјето на репродуктивните органи, стресот ќе се сведе на најниско ниво и ќе му ги обезбедите на организмот сите неопходни нутриенти. А пред да преминете на новиот режим на исхрана, неопходно е да спроведете четиридневна детоксикација.

Четири основни правила

1. Базни намирници – многу двојки имаат нарушен pH во организмот, т.е односот кисело – базно и тоа во корист на киселото, кое исто така може да предизвика стерилитет. Истражувањата покажале дека високото ниво на киселост во матката го запира всадувањето на оплодената јајце клетка. Од храната која ја јадете најмногу киселост предизвикуваат месото и млечните производи, газираните пијалоци и производи од рафиниран шеќер, затоа не претерувајте со нив. Овошјето и зеленчукот, ја намалуваа киселоста. Вистинска мерка е 80% базни продукти и 20 % кисели.

2. Антиоксиданси – обидете се секој ден да јадете што повеќе разнобојно овошје и зеленчук. Различно обоеното овошје и зеленчук содржат разни видови антиоксиданси.

3. Продукти со низок ГИ- истражувањата на научниците од Харвард покажале дека жените кои земаат продукти со висок ГИ (гликемиски индекс) имаат 92 проценти поголеми шанси да изостане нивната овулација во однос на оние кои јадат храна со низок ГИ. Воедно, високото ниво на шеќер во крвта ќе ги отежни многуте болести на репродуктивните органи, како полицистични јајници. Избегнувајте продукти со низок ГИ, базни јаглехидрати како што се бел компир, овес, интегрални тестенини и интегрален леб. И избегнувајте да јадете јаглехидрати навечер.

4. Подобар метаболизам – ако имате лошо варење (метаболизам),организмот нема да ги апсорбира нутриентите од храната која ја јадете и најздравите состојки само ќе “протрчаат“ низ цревата. Одвојте доволно време за оброците, опуштете се, јадете полека и долго џвакајте. Најдобро е главен и најобилен оброк да ви биде појадокот, бидејќи системот за варење наутро е најфункционален, а во тек на денот да ги намалувате порциите.

Четири дена детокцикација

Ригорозните диети не доаѓаат во предвид ако сакате да забремените и препораката од Зита за четиридневниот режим на исхрана не спаѓа тука. Напротив, брзата и ефикасна детоксикација на организмот така е смислена што на најоптимален начин го подготвува вашето тело на новиот начин на исхрана. Воедно, правилното производство на хромони и дигестивниот систем тесно се поврзани, па ако вашите органи за варење работат на вистинскиот начин и хормоните ќе се лачат онака како што треба.

1. Прв, втор и четврт ден – јадете зеленчук (било кој), овошје (сè освен суво), свежи зачински билки (власец, магдонос и коријандер, се природни прочистувачи на организмот), грав, леќа, интегрални житарки (цереалии со зрна овес, ориз и јачмен, никако со пченица и интегрален ориз), јаткасто овошје, семиња и масло од семиња, млеко од растително потекло (соино или оризово), овошни и билни чаеви, минерална вода.

2. Трет ден – во исхраната воведете ја белата риба (како бакалар, лист и шкарпина), бело месо (пилешко и мисиркино), јајца, јогурт, мед, јаткасто овошје (најмногу бадеми, бразилски ореви и ореви), суво овошје.

Што уште треба таа да јаде

Продукти богати со омега 3 киселини – во нив спаѓа ситната помасна риба како скуша, харинга, сардини или лосос, која е и одличен извор на витамин Д, а би требало да ја јадете два до три пати неделно. Следат продуктите кои содржат здрави масти како што се авокадо, орев, семиња од тиква и лен. Омега 3 масните киселини влијаат на подобра пропустливост на клеточните мембрани, вклучувајќи ја и јајце клетката.

Варен зеленчук – традиционалната кинеска медицина истакнува дека топлата храна ја подобрува плодноста, а дека премногу сурови продукти ја отежнуваат работата на органите за варење, особено навечер. Варете го зеленчукот на пареа.

Млечни производи – филџан – два полномасно млеко, дневно, поволно делува на јајниците. Можете да земате и полномасен јогурт и сирење, бидејќи на вашето тело му требаат и малку маснотии, за да ги апсорбира нутриентите важни за плодноста.

Што уште треба тој да јаде

Цитруси – богати се со витамин Ц, антиоксиданс број еден. На спермата исто така влијаат оштетувањата кои во телото ги прават слободните радикали, а тоа најмногу се гледа во нејзиното згрутчување, кога на сперматозоидите им е тешко да се издвојат од групата и да ја оплодат јајце клетката. Како превенција со цитрусите, мажите треба да јадат киви, капини, црвена пиперка и брокула.

Бразилски орев – содржи витамин Е, најважниот антиоксиданс за мембраната на сперматозоидите, а воедно е богат со селен, кој е клучен за правилната формација на сперматозоидите.

Семки од тиква – се најдобар извор на цинк, чиј недостиг во организмот влијае на опаѓање на тестостеронот и бројот на сперматозоиди. Овој минерал го има во семената течност и плазма и тесно е поврзан со густината и чувањето на сперматозоидите. Цинк има во месото, особено во пилешкото, но бидејќи спаѓа во кисели продукти, треба да се ограничи на најмали порции.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 476

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: ishrana zabremenuvanje забременување исхрана
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved