• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Хеликоптер родители

by РиД 21/02/2013 0 Comment
 Хеликоптер родители

Некогаш за мајката која бдее над децата и повеќе од колку што треба и прави сè наместо нив се велеше дека е мајка- квачка. Во меѓувреме поимот еволуираше и денес тој тип родители се нарекуваат „хеликоптер родители“ Називите се менуваат но суштината е иста, а тоа претерана заштита на детето од сè, објаснува д-р Зоран Миливојевиќ, од Србија. Секако, тој вели дека децата треба да се заштитат од тоа што ги загрозува, но тие растат и одат кон конечната цел, а тоа е самостојност. Затоа задача на родителот не е да се грижи за детето постојано, туку само тогаш кога тоа не е способно за такво нешто.

Немој ова, немој тоа

Родителот треба да го научи детето да се грижи само за себе, а кога ќе види дека тоа може само, не треба да се грижи тој. Наместо тоа, хеликоптер родителот, постојано кружи околу него, од близу го следи и му кажува што да прави. Како и зошто стануваме такви родители? Д-р Миливојевиќ вели дека одговорот делумно е во фактот дека начинот на воспитување се променил. Родителите денес многу повеќе ги мазат децата. Резлутат на тоа се размазени и презаштитени деца. Размазеното дете е диво, не е казнувано, постојано сака да управува со родителите. Презаштитеното дете се однесува сосема спротивно – уплашено е, срамежливо, пасивно, постојано во близина на родителите.

Презаштитнички настроените родители постојано повторуваат „немој ова“, „немој она“, „остави јас“, „пази“….

Д-р Миливојевиќ додава дека има и комбинација од овие два типа.

– Хеликоптер родителот опседнат е со чување на детскиот живот, здравје и тело. Во најголем број случаи тој родител доживеал траума, бидејќи во првите години од животот детето било болно и се плашел дека ќе умре.

Другите деца како постојана опасност

Многу хеликоптер родители се регрутираат од групата родители кои детето го зачнале со големи маки и по подолг период или го добиле многу доцна користејќи ја последната шанса. Сето тоа прави родителот постојано да има впечаток дека детето е во голема опасност, комплетно неспособно да се грижи за себе, така што тој мора да внимава и да му кажува што да прави. Тој е опседнат со постојаното смалување на ризикот. Тоа е вид родителски притисок, кој лошо се одразува на развојот на детето.

Д-р Миливојевиќ објаснува дека претерано заштитнички настроениот родител го одгледува детето така што констатно му испраќа токсични пораки: едната е дека тоа е неспособно, а другата дека светот е опасно место за живот.

Внимавајте испраќате две токсични пораки

Така хеликоптер родителите наместо да ги подготват децата за самостоен живот во општеството, што треба да биде цел на секој родител, подигнуваат личност неспобна да биде самостојна. Тоа остава големи последици и кога ќе пораснат децата во возрасни личности.

– Како возрасни, тие се пасивни, бидејќи им е страв од тоа дека нема да успеат, дека се неспособни, па се плашат да преземат иницијатива. Од друга страна, бидејќи не можат сами, тие се врзуваат за некоја личност која ќе се грижи за нив. Во почетокот тоа се родителите со кои и како возрасни остануваат во симбиоза, но тоа може да биде и доминантен партнер, маж или жена, на кој му се препуштаат и од кој емоционално зависат.

Ризикот е составен дел од животот

– Родителите кои постојано и претерано го штитат детето, преплашени се дека можат да го изгубат.

– Се плашат дека ако не внимаваат на детето, тоа може да се повреди и умре.

– Таквиот родител не може да се помири со тоа дека детето прави нешто само, преминува улица, донесува одлуки…

– Хеликоптер родителот постојано се чувствува виновен, бидејќи верува дека крив за сè лошо кое може да му се случи на детето.

– На родителите кои имаат такви ставови, д-р Зоран Миливојевиќ им препорачува стручна помош за да ги решат своите стравови и на здрав начин да го одгледуваат детето, да го подготвуваат за светот во кој постојат ризици.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 523

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: griza zastita na deca грижа заштита на деца
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved