Густ гулаш
Состојки:
50 г путер, 400 г говедска кртина, 400 г свинско месо од бут, 300 г кромид, 100 г концентрат од домати, коцка за говедска супа, 100 мл црвено вино, 200 мл пасирани домати (може и од конзерва), 200 г гауда кашкавал сол, црн пипер, црвен пипер
Приготвување:
Во големо тенџере загрејте го путерот и во него пропржете го месото исечкано на коцки. Кога ќе добие месото убава кафеава боја, тргнете го тенџерето од оган, месото извадете го во топла чинија. Исчистете го кромидот, исечкајте го на тенки резанки. Пропржете го на путер додека добие златно жолта боја и зачинете го со црвен пипер. Месото вратете го во тенџерето и додајте му 4 лажици пире од домати, говедската супа растворена во вода (околу 1,5 л) и виното. Додајте го и сокот од домати. Посолете, побиберете, покријте го тенџерето и варете на тивко 1 и пол час. Кашкавалот изрендајте го и послужете го одделно за да посипе секој по желба. А ако сакате погуст гулаш, во последниот половина час од варењето, додајте ½ кг исчистен и на ситни коцки исечкан компир.