• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Грижата за забите почнува од најрана возраст

by РиД 12/12/2014 0 Comment
 Грижата за забите почнува од најрана возраст

Ана Кртолица-Георгиев е доктор по дентална медицина и мајка на две мали деца. Спојувајќи ги работното искуство, образованието во областа на стоматологијата кое го стекнала во Љубљана и мајчинството, таа го создаде проектот „Повеќе насмевки“.

Целта на проектот е преку интерактивни современи методи да се подигне свеста кај родителите и децата за важноста на грижата за забите од најрана возраст. Досега бесплатниот курс го имаат поминато 100 дечиња.

Кажете ни нешто повеќе за работилницата „Повеќе насмевки“, од каде идејата за ваков проект?
–
„Повеќе насмевки“ е бесплатна интерактивна работилница, која има за цел да ја поткрене свеста за усното здравје и важноста на грижата за забите од најрана возраст. Всушност, главниот мотив е да создадеме идни генерации со здрави навики, здрави заби и подобро здравје во секоја смисла.

Идејата за работилницата се роди како комбинација од искуства, професионално и родителско. Професионалното искуство стекнато во Словенија, ми отвори перспектива да можам да споредам до каде сме ние во Македонија на темата усно здравје. А преку родителството, со сите предизвици на воспитувањето, сфатив дека ако јас како стоматолог имам потешкотии да ги измијам забите на своите деца, веројатно и другите родители го имаат истиот проблем.

Минатиот месец имавте јубилеј 100 дечиња експерти по миење заби, какви ви се плановите со работилницата, до кога таа ќе се одржува?

– Работилнициата се одржуваше секоја сабота цели 3 месеци, во градинката „Грин хаус“. Повеќе од 100 дечиња и нивните родители го поминаа курсот за здрави заби, што за мене претставува голем успех и ми дава енергија за проектот да продолжи да живее. Веќе е во тек втор дел од работилницата – “Запознај ја ординацијата“ . Во овој дел на децата им закажувам термин по претходен договор во семејната ординација „ Д-р Кртолица“ и им нудам бесплатен преглед. Целта е децата да ја запознаат ординацијата, инструментите за работа и професијата стоматолог. Првата посета на ординацијата не смее да биде поврзана со болка или било каква интервенција. Само така може од тие мали дечиња да се создадат добри пациенти, кои ќе соработуваат и ќе имаат здрави и санирани заби.

Дали тоа значи дека првиот дел од работилницата, кој досега се одржуваше веќе заврши?

– Апсолутно не. Работилницатасе покажа како динамичен проект кој еволуира и се менува. Зимата ќе ја презимиме во ординација како што реков, со запознавање на истата и бесплатни прегледи за сите деца. Во план е работилницата да се одржи во неколку градинки во Скопје и да допре до што повеќе деца, да ги научи како да се грижат за своите заби и здраво да се хранат, се со цел да создадеме идни генерации со здрави заби. На пролет повторно се враќаме во градинката „Грин хаус“ со редовните работилници во сабота. Инаку верувам дека „Повеќе насмевки“ за секогаш ќе живее како проект за поткревање на свеста за усното здравје во склоп на семејната ординација „Д-р Кртолица“.

Студиите и работното искуство ги имате стекнато во Словенија, можете ли да направите споредба какво е нивото на свест за усно здравје кај нас и таму?

– Токму затоа што го имам тоа искуство ја создадов работилницата, и секако сакајќи да дадам свој придонес за нашето општество. Во Словенија имаат навистина висока свест за усно здравје и здрава исхрана. Тие учат како до здрави заби на курс за родители уште за време на бременоста. Првата посета на стоматолог е со растењето на првото запче. Така стоматологот може да се запознае со детето и да го следи неговиот рзавој, детето го запознава докторот и ординацијата. На тој начин се создава пациент кој нема страв, бидејќи не доживеал болни интервенции. Таков пациент соработува и е свесен за своето здравје. Најголема грешка е да посетите стоматолог кога веќе нешто ве боли. Би сакала ваквиот стил на работа да се постигне и кај нас. За да создадеме свесни генерации со здрави заби, навистина мораме да започнеме од најраното детство.

Мајка сте на две мали деца, кажете ни што вие правите за да ги сочувате нивните заби здрави? Кои се вашите совети за родителите?

– И во нашиот дом понекогаш се води војна да се измијат забите пред легнување. Свесна сум дека понекогаш сум „досадна мајка“, но децата до 6 годишна возраст немаат моторичка спретност самите темелно да ги изамијат забите. Затоа им е потребна проверка и помош од родителот. Ако случајно не сме во можност да ги измиеме, јадеме јаболко или било каков крцкав зеленчук или овошје, со тоа забите самите се чистат. Водата ни е најдобар пријател, ја пиеме секогаш. Избегнуваме слатки пијалаци, леплива и слатка храна која долго распаѓа во устата, како смоки, лижавчиња, бонбони…Користиме паста за заби со аминфлориди чија концентрација е прилагодена за деца. По третата година потребно е и професионално флорирање на забите со флоридни лајнери и секако редовни контроли кај стоматолог.

За крај кажете ни како сите заинтересирани родители и деца можат да ја посетат вашата работилница и да се запознаат со ординацијата и професијата стоматолог?

– „Повеќе насмевки“ има своја веб страница и страница на фејсбук на кои сите заинтересирани можат да добијат повеќе информации за проектот и да видат како тој до сега се одвивал. Сите кои ќе сакаат да дојдат да ја запознаат ординацијата, професијата стоматолог и да добијат бесплатен преглед за своето дете треба претходно да закажат термин и тоа можат да го сторат преку страниците на „Повеќе насмевки“ и контактите кои ги има таму. Секако таму сум достапна да одговорам и на сите прашања на родителите кои имаат било какви дилеми и им се потребни совети. Свеста за усното здравје во Македонија се повеќе се развива и ми претставува огромна чест да бидам дел од тоа.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 423

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: deca stomatolog zabar zdravi zabi деца забар здрави заби стоматолог
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави


Fatal error: Allowed memory size of 134217728 bytes exhausted (tried to allocate 81920 bytes) in /home/entityme/addon-domains/ridWebsite/wp-includes/meta.php on line 1199