• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Дом

Најчести грешки во водењето семејни финансии

by РиД 23/02/2013 0 Comment
 Најчести грешки во водењето семејни финансии

Водењето сметка за финансиите може да биде многу напорно, но паметното располагање со средствата од сите членови на семејството значи безгрижен живот и полесно реализирање на личните и финансиски цели.

Тајната е да му се посветите на тоа активно, без никави одлагања или избегнување на обврските. За да ги водите успешно семејните финансии, мора да бидете свесни за најчестите „замки“ во кои паѓаат семејствата и двојките, при креирање на нивниот семеен буџет.

Заборавање да се штеди

Било кој добар финансиски советник ќе ја нагласи важноста на штедењето за иднината – за итни случаи, школување на децата, за пензија. Погрижете се и вие дел од заедничките пари да одвојувате на штедна книшка за заедничката иднина. Добро би било кога секој месец би издвојувале околу 10 посто од своите приходи или да направите траен налог со кој дел од парите ќе ви се префрла на посебна сметка. Дури тогаш со остатокот од парите направете буџет. Ако штедењето го оставите за крај на месецот, ќе видите дека тие пари ќе ги потрошите на некои други непотребни ситници или нема да ви остане ништо за заштеда.

Потценување на трошоците

Кога станува збор за семејните финансии подобро е да се преценат трошоците. Класична грешка е која ја прават семејствата е што дозволуваат оптимизмот да се плетка во создавање на реалистичниот буџет. Не правете си услуга создавајќи буџет кој не одговара на вашите парични потреби. Најважни се реалниот поглед и искреноста кон самите себе, па така и буџетот со кој можете да живеете. Потценувањето на трошоците само ќе ве доведе до долгови, фрустрации и неуспех.

Трошење над можностите

Буџетот ќе функционира само ако се држите до него. Немојте да бидете невнимателни и да дозволите да ве залажат рекламите, намалувањата или пак да продолжите со своите лоши навики за купување на она што го сакате, кога ќе посакате. Пред да се решите да одите во купување, без разлика дали се работи за нова облека, козметика или нешто трето, прво погледнете ги финансиите и одредете дали можете да си го дозволите тој трошок овој месец, без пробивање на буџетот.

Не планирате „екстра“ трошоци

Планирањето буџет почнете го со набројување на трошоците за кои знаете дека дефинитивно ги имате секој месец – отплата на кредит, сметки, гориво, храна…тоа се сите трошоци кои лесно можете да ги процените и знаете колкави ќе бидат. А важно е да оставите простор и за „екстра“ трошоците кои можат да се појават. Никогаш не знаете што ќе се случи, дали на детето ќе му се скршат очилата или нешто ќе се расипе на автомобилот. Во екстра трошоците можат да се вбројат и одење во кино или на вечера во ресторан. Редовно водете сметка за тоа на што сè трошите пари и колку често ви излегуваат непредвидени трошоци, така што отприлика ќе знаете и колку пари ви се потребни да ги одвоите за тоа.

Негативен став

Пристапете кон создавење на семејниот буџет со позитивен став и нека ви биде јасна целта за планирањето финансии. Сакате што побрзо да ги исплатите наталожените долгови? Да заштедите пари за патување или само да живеете попријатено и безгрижно? Создавањето буџет е првиот чекор во исполнување на целите кои сте си ги поставиле за вашето семејство и тоа е добра работа. Како и во животот, успехот ќе дојде кога ќе му пристапите со ентузијазам.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 499

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: pari planiranje finansii пари планирање финансии
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved