• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Ги победила стерилитетот и ракот

by РиД 20/09/2012 0 Comment
 Ги победила стерилитетот и ракот

Жената која одби да го абортира своето неродено бебе, поради здравствени проблеми, конечно е здрава и ужива во животот со својата здрава ќеркичка. Воедно таа ја победи болеста. Линдзи Кроудер била пресреќна кога ја дознала веста за новата бременост, откако претходно изгубила три бебиња, но неколку недели подоцна и била дијагностицирана болеста ходкин лимфом, поради која лекарите и‘ рекле дека и‘ преостануваат уште неколку недели живот.

При тоа лекарите ја посоветувале дека е подобро да абортира, за да може да се лечи, со надеж дека тоа ќе помогне да се излечи. Триесетичетири годишната жена, која живее во Волтон, Англија вели:

– За мене во тој миг не постоеше можност за избор. Но знаев дека морам да го родам бебето и да му дадам шанса.

Докторите и‘ објасниле дека не е јасно какви ефекти ќе има хемотерапијата на нејзиното неродено бебе или колку долго ќе може да ја износи бременоста, бидејќи од болеста ќе и‘ слабее телото.

Со тумор со големина на мала фудбалска топка, во своите гради, Линдзи почната осум циклуси на напорна хемотерапија.

– Имав постојани прегледи за да знам дека бебето е добро, но додека се роди не бев сигура дека е тоа така. Не можев да верувам дека ќе биде добро.

За чудо на лекарите, Сидни Роуз, која сега има четири години, била родена со царски рез во 34та недела. За Линдзи и нејзиниот сопруг Ник, среќата била уште поголема откако преживеале две семејни трагедии. Првата ќеркичка Алис, била мртвородена, додека потоа Линдзи имала спонтан абортус на близнаци. Сидни Роуз била зачната по примање терапија, и на крајот од 2007, Линдзи и Ник дознале дека очекуваат бебе. Но, тогаш почнала нивната голгота. Линдзи секој ден се чувствувала полошо и полошо.

– Почнаа да ми се јавуваат инфекции на респираторните патишта. Не се чувствував воопшто добро. Кашлав тешко и почна да ми се јавува чешање на кожата. Како напредуваше бременоста симптомите се влошуваа. Бидејќи имам завршено курс за медицинска сестра ми стана јасно дека со мене нешто сериозно се случува.

Кога заминала на систематски преглед и‘ била откриена болеста ходкин лимфома, рак на лимфниот систем.

– Си помислив дека можам да се борам со болеста, но не смеам да изгубам уште едно бебе. Знаев дека ќе сторам сè за да го донесам тоа бебе на свет. Останатото беше во Божји раце – вели таа и додава:

– Кога се роди имаше повеќе коса од мене и беше прекрасна. По девет месеци борба за нејзе, беше прекрасно да се чуе нејзиното плачење. Лежев и си мислев „ мојата работа е завршена“.

Но, бременоста и породување, не поминале без последици за Линдзи. Поради губењето голема количина крв, веднаш била префрлена на интензивна нега, каде и‘ бил направен комплетен лекарски преглед и било откриено дека ракот се проширил на други места во телото, поради што морала веднаш да замине на хемотерапија. Истовремено и‘ била извршена и трансплантација на коскена срж во РОјал Ливерпул болницата.

– Тогаш бев многу исплашена. Се сеќавам дека гледав кон паркот, низ прозорецот од мојата соба во болницата и си велев „зарем ова последното нешто кое ќе го видам?“

За нејзина среќа, треманот – одела истовремено и на радиотерапија, бил успешен, и таа веќе 30 месеци е во ремисија (стадиум во кој болеста кај хронично болни или кај болни од рак, нема појава на нови симптоми од болеста).

Во меѓувреме нејзината ќерка порасна и денес е нејзина радост и гордост.

– Понекогаш си мислам дека ова се случи на некој друг и морам дас е штипнам за да сфатам дека е реално. Но, ако барем една личност која ќе го прочита ова и добие надеж, без разлика дали се бори со рак или се обидува да има бебе, тогаш јас сум ја завршила мојата мисија.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 436

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: bolest borba kancer lecenje rak steriltiet болест канцер лечење рак стерилитет
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved