До поубава коса со етерични масла
Ако косата ви е непослушна, сува, оштетена, како кај повеќето жени, голема е веројатноста дека користите интензивни шампони, а стилизирањето и редовната употреба на фен за коса по некое време може да ги уништи природните масла од косата.
Етеричните масла можат да бидат спасот кој го барате. Нека станат дел од редовната нега на косата, за да таа повторно стане убава. Исто така, етеричните масла ќе и‘ дадат на вашата коса посебно пријатен мирис. Луѓето со децении користат етерични масла во медицински и козметички цели. Козметичката индустрија нуди низа производи кои содржат есенцијални масла и најчесто се поскапи од другите.
За среќа, денес не морате да потрошите мало богатство за да си дозволите етерични масла. Многу продавници содржат поефтини верзии етерични масла, а ние ви ги предлагаме оние кои ќе ви помогнат во нега на сувата коса:
– бадемовото масло ја смирува и навлажнува косата
– маслото од чедар го стимулира коренот и го поттикнува растот на косата.
– маслото од камилица и‘ дава на косата сјај и мекост, ја смирува кожата.
– маслото од жалфија го стилумира коренот и го поттикнува растот на косата.
– кокосовото масло ја омекнува косата и го зголемува сјајот.
– маслото од гераниум ја зајакнува косата.
– маслото од јојоба ја влажни и храни косата, а го стимулира коренот.
– маслото од лаванда овозможува длабока нега на косата, дава сјај и помага во отстранување на првутот.
– маслото од сандалово дрво помага при суви врвови и дава одличен мирис на косата.
Како да ги користите етеричните масла?
Потребни ви се само неколку капки етерично масло. Помешајте ги со шампон или регенератор, а стручњаците ги советуваат следните комбинации:
– чедар, жалфија и лаванда
– јојоба, жалфија и чедар
Откако ќе ја нанесете смесата, покријте ја главата со пешкир или капа за туширање. Маслото можете да го измиете по 30 минути или дури наутро. Запомнете дека маслото треба целосно да се измие од косата, за да не стане мрсна.
Ако имате проблем со алергии, посебно внимание посветете на користењето масла. Имено, алергијата на масла може да предизвика иритација на коренот. За да се уверите дека не сте алергични на масла, тестирајте ги на мал дел од кожата. Ако во тек на 24 часа не се појави реакција, можете да го користите маслото.