Елегантната војвотка Кејт
По повод свечениот ручек со кој кралицата Елизабета го прослави својот дијамантски јубилеј, убавата војвотка од Кембриџ уште еднаш ги освои сите со својата елеганција и убавина во едноставен розов фустан. Мидлтон им се придружи на сопругот, принцот Вилијам, неговото семејство и другите гости на свечениот ручек, во чест на дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета. Како и секогаш, убавата војвотка Кејт, точно знаеше што треба да облече, за да заблеска и привлече внимание.
За оваа пригода таа избра уште еден дизајнерски фустан, овој пат со потпис од Емили Викстед, кој е од најновата колекција и чинеше 1200 фунти односно 92.000 денари. Во нежно розевиот фустан Кејт буквално блескаше, а едноставниот крој на фустанот со долги ракави е освежен со набори на долниот дел. Со фустанот, Кејт внимателно ги избрала и модните додатоци – малата чантичка од сјаен материјал совршено одговараше со чевлите на потпетици и дијамантски обетки.