• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Експертите го препорачуваат методот “Хелен Дорон“

by РиД 17/11/2013 0 Comment
 Експертите го препорачуваат методот  “Хелен Дорон“

Имав можност да присуствувам на „Хелен Дорон“ час за деца во претшколска возраст, во Унгарија, а исто така бев и на еден час во двојазична градина и заклучив: „Хелен Дорон“ програмата за рано учење јазик е базирана на принципот – усвојување на јазикот.

Кај децата на возраст од 6- 7 години, усвојувањето јазик е природна и ефикасна метода преку апсорбирање на јазикот во природна атмосфера, без нагласување на граматичките правила. Детето кое редовно е изложено на странски јазик, ја чувствува неговата мелодија за разлика од детето кое учи преку следење на граматичките правила. Исто така ова значи дека „Хелен Дорон“ методот, не само што помага децата да ги развијат говорните вештини, туку им помага и во развој на способностите. Со оглед на тоа дека не се вклучени во традиционална одделенска настава, децата не се под стрес и страв од оценување. Исправките на грешките исто така се вршат на позитивен начин, а децата немаат чувство дека погрешиле или направиле нешто лошо. Односот кон странскиот јазик не е ориентиран на финалниот производ, туку неговото усвојување се смета за составен дел на детскиот живот.

 

Учење низ активности

На часот можеше да се види уште еден принцип за рано учење на јазикот, според кој усвојувањето се одвива низ интересени активнисти. Детето е среќно кога може да си игра, да се движи и пее, особено кога може да ги работи сите три работи заедно. Ваквиот принцип е многу важен, бидејќи за децата играњето е многу важно. Според народната поговорка, детето не го прави она кое веќе го научило, туку напротив, го учи она кое веќе се обидело да го направи. Затоа во процесот на рано учење странски јазик, активностите поврзани со движење, натпревари, ритмички движења, танц и групни игри се многу важни. Инструкциите од учителите во овие активности се корисни за таа возраст исто како и во раната фаза од учењето јазик, бидејќи детето има време да развие рецептивни вештини (разбирање преку слушање) пред да го прозборат јазикот. Учителот има непосредна повратна информација за тоа дали детето го разбира, бидејќи гледа дали детето го прави тоа што треба. Во стручната литература овој пристап се нарекува „Total physical response“ (целосен телесен одговор).

 

Детето го разбира значењето

HDEE учителите се потпираат на детската способност да го разберат значењето на она кое им е кажано и да го изведат, она кое на англиски јазик од нив го побарал учителот да го направат. За разлика од тинејџерите и возрасните, децата странскиот јазик не го учат исклучиво низ говор, туку низ ситуации, активности, перцепција, визуелни и адитивни помагала како и мимики и гестови од учителот – сите тие се невербални начини за комуникација, низ кои детето му дава значење на јазикот.

Перцепцијата како начин на учење

Со оглед на фактот дека кај малите деца концептуалното размислување не е развиено како кај постарите деца или возрасните, тие се обидуваат да го сфатат светот околу себе и да го толкуваат на разни начини, низ сите свои сетила. Поради тоа, многу е важно да имаат можност да допрат многу нешта низ сите активности. Тоа можат да бидат различни играчки, спортски помагала, топки, шарени објекти и кадифени играчки. Усвојувајќи ја правилната граматика и интонација, знаењето стекнато низ гледање и допирање го надополнува знаењето стекнато низ слушање, кое секако е клучно, бидејќи станува збор за учење странски јазик. Затоа ритамот, римите на песничките и активностите со движење (учење низ движење), заедно со сето она претходно споменато, на детето му даваат пријатно чувство. На наставата на која присуствував, видов бројни начини за учење.

Улогата на мотивацијата

Детето ќе ужива во учењето странски јазик само ако се одвива во пријатна атмосфера, без стрес и низ забавни активности. Пристапот на учителот кон малите деца треба да одговара на сите критериуми. Убавите зборови, насмевката, се најосновни средства на секој учител. Наместо да го исправува изговорот или инсистира на учењето правила учителот треба да ги повторува правилните реченици за да може детото добро да ги запомни и научи. Задачата на учителот не е приговарање на детето, туку одржување на позитивен пристап, кој децата ќе го имаат подоцна во животот. HDEE учителите се многу свесни за својата улога.

Резиме

Откако поминав три часа настава во набљудување и разговарав со стручњаци и соработници кои учествуваа во програмата, дојдов до заклучок дека HDEE пристапот ги спојува сите начела на современата литература за раното учење странски јазик. Низ разни активности децата во претшколска возраст учат јазик без стрес во различни ситуации и низ различни методи. Бидејќи децата не се свесни за учењето, не гледам никаква можна штета за детскиот развој.

 

Напишано од проф.д-р Џудит Ковач, aсистент професор на Универзитетот Еötvös Lóránd, Факултет за педагогија, експерт за рано учење јазик, педагогија и двојазична едукација

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 438

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: angliski za deca Helen Doron metod англиски за деца метод Хелен Дорон
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved