Дружбата со 5+ Бендот продолжува

Со 20 распродадени концерти во Македонскиот Народен Театар, 5+ Бенд убедливо ја одбрани титулата – најјакиот бенд на светот. Од почетокот на серијата концерти 5+ Бенд наполни 15 сали во МНТ, а пред нас се уште 5 незаборавни дружби.
Но, неверојатниот успех на првото големо шоу кое го посетија речиси 12.000деца и родители, ќе финишира со концерт за дечињата од ранливите групи. Во соработка со Македонскиот Народен Театар и неколку организации, со игра и песна ќе ја заокружиме оваа прекрасна приказна.„Чудна шума“, „Љубен си“, „Шепни ми“ и „Фамилија“, се само дел од репертоарот на големото шоу, полно со кореографии, сценски ефекти, мултимедија и директна интеракција со децата. Ова е и концерт и шоу и претстава и мјузикл со пријатно и динамично драмско дејствие, енергично одиграно од ликовите на највозбудливата дружба на македонските телевизии: 5+ Фамилија.
Петко, Лина, Цветко, Комшо, Ана, Марија, Детективот, Тетка Душка и Дедо Менде, вредно работеа на беспрекорната реализација на концертите на кои беа громогласно поздравени од присутните деца и родители.
Едночасовното шоу е во режија на Игор Иванов, сценариото е на Елеонора Венинова, а актерите што ги играат ликовите од 5+ Фамилија и најголеми виновници за фантастичната еуфорија во МНТ се: Билјана Пројковска Драгичевиќ, Сања Арсовска, Игор Ангелов, Зоран Љутков, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска и Марија Кондовска.5+ Фамилија сака да им се заблагодари на сите кои што учествуваа во реализацијата на концертите, без чија посветена работа и вложена љубов, проектот немаше да блесне во ова светло. Имајте среќни новогодишнипразници, не заборавајте дека #ДружбатаПродолжува и очекувајте нови изненадувања од 5+ Фамилија во новата 2016 година, велат организаторите.