Донирајте за Лука
Акцијата за помош на Лука, кој боледува од ретинобластом, продолжува до конечно исполнување на целта – да му се овозможи спас од ретката болест. За таа цел сите кои сакаат можат да донираат преку интернет страницата Gofundme .
Група луѓе самоиницијативно ја започна кампањата за помош на малиот Лука кој боледува од редок вид рак на окото, ретинобластом. Имено тие преку интернет страницата Gofundme започна акција во која може да се вклучи секој кој сака, без разлика во кој дел од светот живее и да донира парични средства.
– „Сите заедно за Лука“ – акција која ни влеа надеж и за момент ни ги стопли срцата. Група добри луѓе од дијаспората во Чикаго самоиницијативно презедоа акција и креираа кампања за собирање на парични средства за лекувањето на Лука. За само 12 дена собрани се над 15 000$. Јавно им се заблагодарувам на сите тие добри луѓе кои се вклучија во акцијата и донираа. Воедно апелирам и до останатите од дијаспората насекаде низ светот кај што не има, да ни подадат рака и се вклучат во кампањата – напиша Силвана, мајката на Лука, на својот фејсбук профил.
Инаку во минатата година и половина, Лука е под лекарска неа од Др.Сачи, од истанбулската универзитетска клиника. Досега детето има завршено три сесии од хемотерапија, пет третмани со ладен ласер и една операција. Пои втората хемотерапија Лука го изгубил видот, додека по една година од битката со болеста, десното око му е отстрането, со цел да се спречи ширењето на ракот на другите органи.
Но борбата продолжува, со надеж дека болеста ќе биде победена, односно да се спаси левото око и да му се врати видот. За таа цел Лука треба да се третира на секои пет недели во наредните две години
Конечната цел на акцијата е да се соберат 100.000 долари, затоа апелираме до сите хумани граѓани да се приклучат со донации преку интернет страницата Gofundme.