Домашно слатко од лимон
Состојки
– 1,100 г лимон, 1,5 кг, 2 лажици (10 г) винска киселина, 2 л вода
Приготвување
Кората од лимоните изрендајте ја. Овошјето прободете го на неколку места со дебела игла и ставете да се вари во три води, а секое варење нека трае по четири минути. При тоа за секое варење ставајте ладна вода.
Направете умерено густ шеќерен сируп од водата и шеќерот. Исечете го изладеното овошје на парченца и ставете го во сирупот заедно со ренданата кора. Слаткото нека се вари додека лимонот омекне, а сирупот се згусне. На крај додајте ја винската киселина во врела течност и варете уште 2-3 минути. Вака приготвеното слатко ставете го во друг чист сад и оставете го да отстои 5-6 часа покриено со проѕирна газа. Соберете го во стерилизирани тегли и чувајте го на темно место.