Домашен препарат за здрави цвеќиња
Ако вашите цвеќиња се безживотни, лисјата им паѓаат или пожолтуваат еве едноставен рецепт кој ќе ги врати во живот
Потребно ви е:
– Кора од една банана
– лажица мелено кафе
– лушпа од јајце
Подготовка:
Вметнете ги состојките во блендер и истурете над нив еден литар вода. Добро измиксирјате. Добиената мешавина посипете ја на растението со лажица. Резултатите сигурно ќе ве воодушеват.