„Долче&Габана“ лансира парфем за бебиња
Италијанската модна куќа „Долче&Габана“ го промовира својот прв парфем наменет за бебиња.
– Парфемот е инспириран од мекоста на кожата, свежината на здивот и првата насмевка на бебето – изјавија дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана.
Во парфемот доминираат мирисни ноти од лимон, диња и мед, не содржи алкохол и одговара и за девојчиња и за момчиња.
Овој парфем ќе може да се купи за 45 долари.
Пред „Долче&Габана“ парфем за бебиња лансирале и „Барбери“ и „Булгари“.