Џејсон Момоа и Лиза Бонет: љубовна приказна како од романите
Тие се заедно повеќе од 10 години и имаат две деца, но во минатото Џејсон беше само едно момче вљубено во ѕвезда, која не ни знаела дека тој постои.
Актерот кој денес го обожаваат многу жени, со Лиза (која е постара од него 11 години) бил опседнат уште како дете.
Тој ова го призна во едно интервју, каде меѓу другото вели дека во тој период многу ѝ се восхитувал на Лиза која беше популарна со улогата во серијата „Козби шоу“ и не сонувал дека еден ден ќе се запознае со нејзе, а не пак да се ожени со неа и да има деца.
Но, во 2005 година, неговиот сон се исполнил кога конечно имал среќа да се запознае со нејзе. Во тоа време Лиза ја завршува долгогодишната рска со Лени Кравиц, со кого ја има ќерката Зои, денес популарна актерка.
Две години по запознавањето и почнувањето на врската тие стануваат родители на ќерката Лола, а една година подоцна и на синот Накоа Вулф. По долги години врска, конечно во 2017 година решаваат да ја официјализираат врската.
А за неверојатниот развој на љубовта во неговиот живот, Џејсон вели: „Кога некој ќе каже дека има нешто невозможно на овој свет, му велам : „Слушај, се оженив со Лиза Бенет, значи сè е можно!“