Дизајнерски трикови за поубав дом
Во уредувањето на домот постојат неколку универзални правила кои можат да се применат без разлика кој стил доминира во вашиот дом. Малите промени секогаш многу значат, така што храбро преземете ги работите во ваши раце и освежете го просторот.
1. Должина на завесите
Ако изберете долги завеси, поставете ги така лесно да допираат до подот. Закачете ги на таванот, а не над прозорот , па собата ќе изгледа повисока. При шиењето завеси задолжително исперете го материјалот за да видите колку ќе се собере и скрати.
2. Боја на ѕидовите
Ако сакате боја која ќе одговара на секој тип мебел и уредување, а не сакате бели ѕидови, изберете нијанса меѓу сива и бежова боја. Овие неутрални бои одговараат на сите останати.
3. Осветлување
Со тавански сијалици и лустери немате многу избор при поставувањето, но помали ламби и осветлување за пријатна атмосфера поставете во висина на очите. Тоа е најдобра висина за добро осветлување под кое ќе изгледате добро. Додајте и некоја столна ламба поради декоративни и практични причини.
4. Огледала
И нив треба да ги ставите во висина на очите, а освен декоративни, тие се добар избор за потемни простории бидејќи рефлектираат светлина и собата ја прават посветла.
5. Поставување теписи
Тепихот може одлично да го поврзе мебелот во просторијата и да ја заокружи како една целина. При поставување тепих во дневната соба, важно е да биде малку поголем од ширината на троседот или седечката гарнитура.
6. Распоред на мебелот
За дневна соба не морате задолжително мебелот да го ставите покрај ѕидовите. Искористете го да одделите разни катчиња како она за работа и одмор.