Дијабетес во бременост
Шеќерната болест (dijabetes mellitus), без разлика дали постоела пред бременоста или се појавила токму тогаш, е состојба која е поврзана со многубројни компликации за трудницата, фетусот и новороденчето.
Оваа болест значително го зголемува перинаталниот морталитет и морбидитет, а и смртноста кај мајките е значително повисока. Поради тоа потребни се редовни посети на лекар.
Според класификацијата има четири типа шеќерна болест во бременоста:
– Дијабетс тип 1
– Дијабетс тип 2
– Гестациски дијабетес (тип 3)
– Секундарен дијабетес (се појавува најчесто поради ендокринолошки пореметувања)
Имајте на ум дека кога сте под лекарски надзор ќе можете помалку да бидете загрижени и повеќе ќе му се посветите на своето здравје, а потоа и на здравјето на бебето. Со промената на начинот на живот можете себеси, но и на своето неродено дете, многу да му помогнете.
Да се има дијабетес значи:
– избегнување преработени шеќери (кекси, колачи, слатки),
– земање природни шеќери ( на пример овошје),
– важни се урамнотежените оброци,
– тестенини, ориз и компир се здрав избор,
– умерено редовно вежбање делува благодетно (освен ако не е контраиндицирано), триесет минути дневно брза прошетка е најдобар избор,
– контрола на телесната тежина,
– редовно земање на пропишаните лекови,
– редовно одење кај лекар.
По сето наведено и фактот дека дијабетсот може да го оштети вашето и здравјето на вашето бебе, не постои ниту една единствена причина за сомнеж во делотворноста на урамнотежената исхрана, контролата на телесната тежина и редовните вежби.
Запомнете – лекарот ќе ви даде совети и ќе ви препише соодветен лек, а на вас е поголемиот дел од работата. Со правилното земање на лекот можете да направите многу, но не и се‘. Ниту еден лек нема да биде целосно делотворен ако немате урамнотежена и здрава исхрана, контрола на телесната тежина и вежби. Слушајте ги советите на стручните лица со кои разговарате и имајте безгрижна бременост.