Детски меморандум за родители
1. Не ме разгалувајте. Јасно ми е дека нема да имам се што ќе посакам. Само ве ставам во искушение.
2. Не плашете се да бидете строги. Тоа ми се допаѓа. Знам дека некој се грижи за мене.
3. Не ме терајте со сила. Тоа ми кажува дека на сила ќе можам се. Подобро ќе реагирам на совет.
4. Не бидете недоследни. Тоа ме збунува и ме тера да побегнам од сите обврски.
5. Не ветувајте. Можеби нема да можете да го исполните ветувањето, и ќе изгубам доверба.
6. Не верувајте на моите провокации кога правам работи само за да ве растажам. Би можело да се обидам пак да ве победам.
7. Немојте да се растажите кога велам дека ве мрзам. Не го мислам тоа, но сакам да зажалите за она што сте го направиле.
8. Не правете да се чувствувам помало отколку што сум. Така само ќе глумам дека сум големо.
9. Немојте наместо мене да правите работи кои можам да ги направам само. Така се чувствувам како бебе, а би можело и да почнам да ве доживувам како слуги.
10. Не ставајте акцент на моите лоши навики. Тоа само ќе ме охрабри да продолжам.
11. Не ме корегирајте пред сите. Ќе бидам многу повнимателно ако со мене разговарате тивко и насамо.
12. За моето однесување не дискутирајте кога се расправате. Незнам зошто тогаш слабо ми се слуша и не сум склоно кон соработка. Во ред е да се преземат потребните мерки, но дискусијата одложете ја за подоцна.
13. Не ми создавајте чувство како моите грешки да се гревови. Морам да научам да грешам а да не се чувствувам лош.
14. Не ми приговарајте баш секогаш. Ако го правите тоа ќе морам да се правам глуво. Не барајте објаснувања за моето однесување. Понекогаш навистина незнам зошто сум направило нешто.
15. Не ја преценувајте мојата чесност. Лесно е да ме заплашите и да почнам да лажам.
16. Не заборавајте дека сакам да експериментирам. Јас така учам, па ве молам бидете стрпливи.
17. Немојте да ме штитите од последиците. Морам да учам од искуство.
18. Не обрнувајте премногу внимание кога сум полесно болно или настинато. Би можело да почнам да привлекувам внимание со симптоми на лошо здравје.
19. Не ме одбивајте кога барам одговори на нормални прашања. Ако ме одбиете ќе престанам да ве прашувам, но одговорите ќе ги барам на друго место.
20. Од друга страна, не одговарајте на смешни и бесмислени прашања. Ако ме одбиете, ќе забележите дека само сакам да бидете со мене.
21. Не давајте ми сигнали дека сте идеални и дека не грешите. Тешко е да се живее со такви луѓе. Не грижете се што сме кратко време заедно. Важно е како го поминуваме времето.
22. Моите стравови нека не бидат ваш товар. Така ќе се исплашам уште повеќе. Покажете ми дека сте храбри.
23. Не заборавјте дека нема да бидам ист без многу разбирање и поддршка. Заслужените пофалби некогаш ги нема, но прекорот е секогаш тука.
24. Третирајте ме како еден од своите пријатели, па и јас ќе бидам ваш пријател.
25. Запомнете: повеќе ќе научам од пример, отколку од критика.