Цимет тост ролнички
Состојки: неколку резанки тазе тост леб, топен путер, шеќер измешан со 1 -2 лажички цимет
Приготвување:
Исечете ја кората од резанките леб и потоа со сукало стискајте ја средината од лебот додека се истенчи(како да сукате кора). Премачкајте ја со топен путер, посипете со мешавина од шеќер и цимет, па потоа свиткајте ги страните од лево и десно кон внатре, да се спојат на средина. Почнете од едниот крај да виткате ролничка, па ставете ја во калап за печење мафини, претходно подмачкан со малку путер.
Повторете ја постапката со другите резанки леб. Кога ќе го наполните плехот посипете одозгора уште малку шеќер, па ставете да се печат во рерна загреана на 200 степени, додека станат малку крцкави, околу 15- 20 минути. Извадете ги од рерна и нека се изладат пред да ги послужите. Можете да ги полеете со прелив подготвен од прав шеќер растопен со малку млеко.
По желба наместо ролнички можете лебот да го виткате во триаголници.
Ваквите ролнички можат да се замрзнат, а потоа лесно да ги одмрзнете во микробранова печка или да ги подгреете во рерна покриени со фолија.