Чоколадно млеко од лешници
Состојки:
– 1чаша непечени лешници, 4 чаши вода (за киснење), 3 чаши ладна вода, 1/4 чаша какао во прав, 2 лажици мед, 1 лажица ванила екстракт, 1/4 лажичка
Приготвување
Ставете ги лешниците во сад и полејте ги со 4 чаши вода, па оставете ги да се киснат преку ноќ, 8-12 часа. Колку подолго покремасто ќе биде млекото. Следниот ден истурете ја водата во која се киснеа и измијте си со свежа вода. Ставете ги во блендер заедно со сите состојки и блендирајте 3 минути. Процедете го млекото низ газа и стиснете убаво за да се исцеди течноста. Готовото млеко префрлете го во сад и ставете го во фрижидер да се излади. Може да го пиете до пет дена.