• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Четкај и со здрави заби светкај

by РиД 22/04/2015 0 Comment
 Четкај и со здрави заби светкај

Во следните три месеци ќе се реализира кампања за здрави заби насловена како „Патот до здрави заби“, од која дечињата ќе имаат можност, низ игра и забава, да се едуцираат како да ги чуваат здрави запчињата.

“И како доктор,и но и како родители, ја препознавме потребата за едукација на дечињата на тема здрави заби. Со оглед на тоа дека сакаме да ги поттикнеме на правилен развој на една практична вештина и здрава навика, се одлучивме тоа да го изведеме на исклучително креативен начин, со помош на анимација и вклученост на дечињата во целиот процес. Токму затоа ја правиме кампањата „Патот до здрави заби“, којшто пат дечињата ќе го изодат заедно со Четко Четковски, нашата маскота, а другар на дечињата. А крајната цел на тој пат секако се многу награди за оние кои ќе ги совладаат сите игри, односно ќе го научат поглавјето за правилна грижа за запчињата“- вели Александар Донев, застапник за брендот „Лакалут“ во Македонија.

Кампањата „Патот до здрави заби“ ќе се реализира под слоганот „Секој ден четкај и со здрави заби светкај“ и има цел да ги научи децата на една исклучително здрава навика, значајна за целокупното здравје на организмот, почнувајќи од здрава исхрана како што се овошје и зеленчук, преку начинот на одржување на хигиената на запчињата се до тоа како да се зачуваат запчињата здрави, бели и цели! За да го поминат патот до здрави заби, дечињата заедно со Четко ќе треба да изиграат неколку игри кои ќе им помогнат да научат зошто е важно да ги мијат запчињата редовно.

За времетраење на кампањата, за секој купен Лакалут детски производ, дечињата ќе добиваат боенки со кои ќе имаат можност да учествуваат во сите игри кои ќе следуваат.

Дечињата ќе се дружат со Четко на разни локации низ Скопје, ќе играат многу интерактивни и забавни игри, како што се Кула, Пикадо, Куглањe, Квиз, Сложувалка, а за добрата игра и наученото ќе добиваат подароци. Сите останати кои нема да земат учество во игрите ќе можат да се дружат со Четко, да се фотографираат со него и да разговараат.

Право на учество ќе има секое детенце на возраст до 13 години, кое ќе сака да учествува. Доколку детето е под 6 години, ќе има право да учествува со родител. Доколку детето е над 6 години ќе се натпреварува само.

За сите игри и можности за дружење, Четко и Лакалут ќе Ве информираат преку социјалните медиуми (Facebook страницата Четко Четковски), како и преку интернет страната на Натусана.

„Дојдете и слушнете ја приказната за патот до здрави заби. Станете и вие дел од дружината на Четко“ – ги покани зајчето Четко Четковски своите другарчиња.

Првото дружење со Четко Четковски ќе се случи на 25 април (сабота) во Зоолошката Градина каде дечињата ќе имаат можност да играат „Кула“, да ја научат првата лекција од поглавјето, да се дружат и да бидат дел од уште многу други активности. Кулата ќе им помогне на дечињата да осознаат што ќе се случи доколку не се грижат внимателно за своите запчиња уште од најмала возраст.  Играта која што ќе ја играат ќе им покаже дека доколку правилно се грижат за секое запче и секојдневно го миеме, тоа ќе остане цело и здраво.

ПР текст

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 496

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved