Брз чоколаден колач
Состојки:
1 ½ чаша шеќер, 12 лажици брашно, 12 лажици какао, 3 јајца, 12 лажици топен путер, ½ лажичка сол, 1 чоколадо за готвење
Приготвување:
Ставете ги брашното, какаото, шеќерот и солта во еден сад и измешајте со лажица да се распоредат подеднакво состојките. Додајте ги јајцата и путерот, па мешајте додека добиете хомогена смеса. Чоколадото за готвење додека е во кесичката исчукајте го со кујнски чекан да го искршите. Додајте го во садот и мешајте да се распореди насекаде. Ставете ја смесата во сад обложен со хартија за печење и печете во рерна загреана на 200 степени околу 20 минути. Нека се излади малку и послужете го. Одлично е со една топка сладолед.
За поубав вкус изберете квалитетно чоколадо и какао.