• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Бременост и инфекции

by РиД 29/12/2009 0 Comment
 Бременост и инфекции

Ако сте бремени, присуството на одредена инфекција може да биде проблем, не само за вас. Некои од нив можат да бидат опасни за здравјето на вашето бебе. Секако најважно е да се потрудите да не дојде до тоа, а може да се успее акo ги почитувате основните принципи за превенција од појава на овие несакани состојби во текот на вашата бременост.

Кои се основните превентивни мерки до кои треба да се придржувате?

1. Не јадете месо кое не е доволно долго готвеои на доволно висока температура, без разлика на кој начин е приготвено.

2. Не делете храна, пијалоци со други лица, особено не прибор за јадење.

3. Почесто миете ги рацете, посебно ако работите со деца (градинки, училишта), по секој оброк или спремање на истиот, по одење во тоалет, промена на пелени и по одење во тоалет ако имате мало дете, по исфрлање ѓубре или допир со валкани алишта, по допир со било кое животно.

4. Не доаѓајте во допир со мачки, особено со нивниот измет.

5. При работа во градина најдобро работете со ракавици и повторно измијте ги рацете потоа.

6. Заштитете се од убод од инсекти – комарци со носење облека која го покрива целото тело, особено ако патувате во ризични подрачја. Сепак најдобро е да избегнувате патување во земји со висок ризик од инфективни заболувања – полио, жолта треска, маларија.

7. Користете кондом.

8. Имунизација во фамилијата – ако членовите на потесното семејство се имунизирани, мала е можноста да се заразат и да ја пренесат инфекцијата на вас, посебно доколку вие не сте вакцинирани. Во случај да сте ги примиле сите вакцини во детска возраст, можноста да се заразите во текот на бременоста е скоро никаква.

Сепак, во бременоста може да дојде до појава на инфекции од различни причинители, со различен потенцијал да ви наштетат вас и на вашето бебе и истите да бараат лекување со одредени антибиотици. Се одбираат исклучиво по антибиограм, без штетно влијание на плодот. Некои од инфекциите даваат одредени симптоми, но некои се асимптоматски, што ги прави поопасни. Со цел да не се дозволи присуството на одреден предизвикувач на инфекција да направи штета во текот на бременоста, правовремениот скрининг е начин тоа да се избегне.

Што значи скрининг на инфекции во бременостa?

Скринингот на инфекции подразбира постапки на одреден временски период, со цел навремено откривање на било кој предизвикувач на истите, адекватен третман со што се спречува штетното влијание на мајката и плодот.

1. Редовно земање микробиолошки брисеви. Се земаат четири бриса:

– брис од цервикс

– брис од вагина

– брис за кламидија и

– брис за микоплазма/уреаплазма.

Периодот кога се земаат овие брисеви, оди по следниот редослед:

– 12 гестациска недела (по завршена ембриогенеза на плодот)

– 28 – 32 гестациска недела и

– 36 гестациска недела (г.н.)

Ова важи само во случај кога сите анализи се негативни. Ако се добие позитивен наод, инфекцијата се лекува и земањето на брисот се повторува по завршување на терапијата за потврда на излечена инфекција со негативен резултат. Ако забележите засилен вагинален секрет во меѓувреме и покрај негативниот наод на последниот брис, кажете му на вашиот гинеколог и брисот се зема веднаш, пред предвидениот временски термин.

2. Уринокултура – 12 – 16 г.н. Посебно е важна поради можноста да имате асимптоматска бактериурија – присутна инфекција која не дава симптоми (урината е нормално стерилна) и истата понатаму да прогредира во акутен цистит (воспаление на бешика) во 30% случаи или во пијеноленефрит (воспаление на бубрез) во 50% случаи. Тие две состојби се веќе ризични како за вас така и за вашето бебе.

3. Брис за ГБС (група Б стрептококи), 36-38 г.н.

Доколку вие и вашиот гинеколог се придржувате до горенаведеното, а вие на време алармирате за секоја промена или симптом кој ќе се појави во текот на вашата бременост, мала е веројатноста инфекција во бременоста да биде причина за било каков ризик за вас или вашето бебе.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 482

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: bremenost infekcii бременост инфекции
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved