Бидете искрени со децата
Кога сте заедно со своите деца, мора да бидете внимателни на своето однесување. Како родители вие сте им нивни суперхерои, па она кое го гледаат од вас тие го учат и ќе го имитираат. Ако сте нервозни, агресивни и негативни, исто така ќе се однесуваат и децата, следејќи го вашиот пример. Па, како треба да ги дисциплинирате и воспитувате децата? Според истражувњата родителите кои се позитивни во своето однесување и смирени, можат лесно да влијаат на однесувањето на децата, без разлика дали поставуваат граници, сакаат да разговараат со нив или пак нешто се договараат. Клучот на позитивното родителстко воспитување е конзистентонста (доследноста). Во превод – не велете нешто, доколку не можете да го следите и спроведете до крај.
Најефективни начини да поставите одредени правила за децата е да го правите тоа заедно, како семејство.
1.Договорете се со децата кои правила ќе мора да ги почитуваат – така детето не само што ќе ги разбере, туку и навистина ќе ги почитува.
2. Ваша родителска обврска е да реагирате кога некое правило е прекршено.
3. Многу важно е јасно да ги дефинирате барањата. На пример ако очекувате од вашето дете дa си ја среди собата, морате јасно да му објасните што значи тоа средување на собата. Можете навистина да се изненадите од тоа како децата поинаку ги интерпретираат вашите барања.
4. Родителите мора да се сложни. Разговарајте претходно и договорете се пред да решите кои и какви се вашите барања и очекувања од децата. Многу важно е да бидете сложни. Ако едниот родител почне да ги потценува правилата, тогаш целиот процес за воспитување тргнува во погрешен правец.
5. Внимавајте на своето однесување и бидете искрени. Децата земаат пример од родителите за тоа како треба да се однесуваат. Тоа значи ако некогаш погрешите, искрено да си признаете (кој родител не греши?). Сите правиме грешки, но разликата е во тоа како се однесуваме потоа.
И запомнете – Вие сте најважната личност во животот на детето. Што кажувате и како се однесувате е од клучно значење за неговото воспитување. Обидете се да создадете за него здрава средина во која тоа ќе се чувстува среќно, сакано и безбедно.