Библијата на Елвис Присли на аукција
Легендарниот пејач книгата ја добил од своите тетин и тетка Вестер и Клетс, на првиот Божиќ во својот нов дом во Грејсленд во 1957 година. На неколку од 1.600-те страници, колку што има книгата, може да се видат белешки напишани лично од Присли.
„Да ја оценувате моќта на човекот според неговата најслаба алка или дело е исто како да ја оценувате моќта на океанот според еден бран“- стои во една од забелешките.
Библијата со позлатена кожна прекривка за кориците е еден од околу 100-те предмети кои некогаш му припаѓале на Елвис Присли, а ќе се најдат на аукција на 8ми септември.
– Повеќето од овие предмети никогаш не се појавиле во јавност, поради што очекуваме да привлечат големо внимание на колекционерите и симпатизерите од целиот свет -изјави аукционерот Пол Фервед.
Колекцијата се продава на барање на колекционер од Велика Британија, а со неа ќе се одбележи 35 годишнината од смртта на Кралот на рокот.
Грејсленд секоја година го посетуваат повеќе од 600.000 лица