Преку азбуката влезете во светот на Биби
Целта на овој забавен лик е децата да научат многу нови работи додека се забавуваат, бидејќи низ игра најлесно се учи. Од сите работи кои палавата Биби ги сака и ги прави ќе бидат создадени и следните содржини, а на 21 октомвори во 19 часот веќе ќе можат децата да ја проследат првата сказна на Биби „Биби и животните“. Во тек е подготовката и на сликовницата за Биби, која наскоро ќе биде промовирана.
Зад „Светот на Биби“ стои тимот на порталите Факултети.мк и Деца.мк, засилен со креативците – илустраторот Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, писателката Билјана Црвенковска, режисерот Гоце Цветановски и актерката Слаѓана Вујошевиќ.