Шокантно: Анорексијата во градинките сè почеста!
Опседнатоста со витка линија не е резервирана исклучиво за жените и мажите во репродуктивен период. За жал сè повеќе се малите деца кои имаат погрешна претстава за своето тело.
Податоците собрани во САД покажуваат дека бројот на хоспитализации поради анорексија кај малите деца од 1999 до 2009 година се зголемил за 72 проценти!
Стручњаците од една клиника во Портланд забележале дека од 56 до 70 случаи со анорексија кај децата се забележени во семејства во кои најмалку еден член има некое слично пореметување во исхраната.
Анорексијата е за десет пати почеста кај девојчињата отколку кај момчињата. Според наодите во претходно спроведени истражувања, разните пореметувања во исхраната се присутни кај четири проценти адолесценти. Се проценува дека пореметувањата во исхраната погаѓаат повеќе од десет милиони луѓе во САД. Стапката на смртност кај лицата со овие пореметувања изнесува околу десет проценти.