Учење англиски јазик низ забава и игра
Вашето дете е пред можноста да учи англиски јазик на квалитетен начин, низ метод кој е специјално дизајниран да му овозможи развивање на природните когнитивни способности и постигнување на одлични резултати, со радост и ентузијазам. И не само што ќе го учи англискиот како мајчин јазик, туку ефектот од овој начин на учење ќе му овозможи развој на илјадници, илјадници нови врски меѓу мозочните клетки, кои ќе му помогнат во полесно совладување на науката, музиката, уметноста и било која област од негов интерес или пак нешто со кое посакува да се занимава кога ќе порасне.
Учењето странски јазик е како музика
Методот „Хелен Дорон го разви лингвистката и учителка Хелен Дорон во 1985 година. Оваа единствена метода овозможува бебињата од само три месеци да го изучуваат англискиот јазик, на ист начин како што го изучуваат мајчиниот – низ редовно слушање и поттикнување. Хелен Дорон, инспирацијата за развивање на методот ја добила од својата четиригодишна ќерка која учeла свирење виолина по „Сузуки“ методот. Д-р Сузуки, својот метод го нарекол „учење како мајчин јазик“, според кој децата учат да свират виолина низ слушање, а не преку учење ноти.
Додека д-р Сузуки зборувал за учењето на „јазикот на музиката“, Хелен сфатила во што е проблемот при подучувањето англиски низ целиот свет. Во суштина децата треба да ја учат „музиката на јазикот“. Единствено како што децата го учат мајчиниот јазик, така што слушаат реченици, песнички и приказни, низ поттикнување од оние кои ги чуваат, така можат да го учат и странскиот јазик. Во развивањето на „Хелен Дорон“ методот, големо влијание имале и методот на Глен Доман и неговиот институт за развој на човечки потенцијали.
Денес, Helen Doron English системот нуди различни курсеви за деца, од само 3 месеци до моментот кога го напуштаат училиштето (18 години е во повеќето земји). Милиони деца го научија англискиот низ овој метод. „Хелен Дорон“ методот се заснова на принципот учење низ игра, приказни, работни книги, флеш картички за учење поими, оригинални песни и музика, која го поттикнува говорниот англиски, изговорот, граматиката, вокабуларот, како и читање и пишување за повозрасните деца. Децата учат брзо, на забавен и природен начин, па со тоа релаксирано се подготвуваат за меѓународните тестови за англиски јазик.
Нашите часови по англиски јазик
Во училиштето “Смајли Старс“, кој е единствен Helen Doron Early English регистриран училишен центар на територијата од Република Македонија, моментално нудиме курсеви за англиски јазик за деца на возраст од 2 години до 10 години. Методот за учење е брз, забавен и исполнет со музика, што им овозможува брзо и лесно изучување на јазикот.
Курсевите вклучуваат говорен англиски за предшколски и школски деца, со можност за изучување на правилно и лесно читање и правопис.
Часовите се одвиваат во забавна и релаксирана атмосфера, која е добро осмислена и планирана од јазични стручњаци и педагози, а резултатите брзо се видливи. Децата ги сакаат песните и игрите, и секогаш уживаат во наставата. Со овој метод овозможено им е на децата да изучуваат англиски јазик, едно од најважните нешта денес, а тоа се постигнува на толку лесен и природен начин, што не се свесни дека тоа го прават.
Зошто англиски по методот на Хелен Дорон?
Единствено Helen Doron Early English ви овозможува:
• Современ начин на учење по методологијата на Хелен Дорон
• Ексклузивен метод кој е забавен, музикален и дава резултати
• Мали, посебно водени групи за учење во кои децата уживаат да учат
• Високо обучени, тренирани учители, посветени на работата и желбата да креираат забавна и динамична средина за учење и
• Над 25 години докажан метод за учење англиски јазик, низ кој поминале милиони деца низ светот
Децата кои учат по методот на Хелен Дорон се насочени да станат самоуверени, квалитетни ученици, а навиките стекнати при учењето англиски по овој метод, остануваат со нив во текот на сите години од школувањето.
Родителите се поканети да дојдат на бесплатните демо часови и да видат како Helen Doron Early English методот функционира. Контактирајте нè
преку телефон 076/435-938 или
преку мејл [email protected]
Закажете термин!
Посетете ја нашата фејсбук страна Смајли Старс- Скопје
Комерцијален текст