Ако добие американско државјанство, принцот Хари ќе мора да се откаже од титулата
Сепак кралицата Елизабета им дозволи да ги задржат титулите, под услов да не ги користат за професионални цели. Сега кралскиот експерт Марлин Кенинг предупредува дека Хари ако се реши да побара американско државјанство, ќе мора да се откаже од титулата, бидејќи во Америка не е дозволено да се имаат такви титули.
– Иако нема закон кој забранува да го нарекуваат принц Хари, кога ќе стане американски државјанин, ќе мора да се откаже од титулата. Во американскиот устав јасно е нагласено дека такви титули не се дозволени – вели Кенинг и додава дека тој може ако сака да се претставува како принц Хари или да му се обраќаат други луѓе, но тоа нема да значи ништо ниту да му донесе било какви бенефиции. Исто така Кенинг додава дека ако стане американски државјанин Хари ќе се соочи со уште еден проблем – ќе мора да плаќа данок.