Заврши акцијата „Со љубов сплетено, за живот подарено„
Aкцијата „Со љубов сплетено, за живот подарено„ , која воедно е и прва донација во новата зграда на ГАК, помина одлично и задоволни сме од собраното.
Среќни сме што ги надминавме планираните бројки и собравме многу повеќе од она кое првично ни беше цел. А сето тоа благодарение на нашите вредни членови за идејата, помошта и учеството во акцијата, како и сите хумани луѓе кои иако не се дел од форумот, беа дел од нашата акција.
Донирани се следните средства:
– 100 чаршавчиња,
– 60 ќебенца,
– 84 чифта плетени калчинки,
– 84 плетени капчиња,
– 19 плетени стегачи,
– 32 бенкици,
– 28 боди,
– 17 шпихозни,
– 15 памучни капчиња
– 14 ѕиврички,
– бебешки чорапчиња и ракавички
Ние како здужение и сајт „Родители и деца„ упатуваме посебна благодарност до:
– Сопственичката на “Смајли Старс„ училиштето за англиски јазик за деца, која ни ги отстапи просториите од училиштето за текот на целата акција.
– Г-ѓа Муши Амет Халил – која освен што донираше плетени работи (стегачи и калчинки) ни помогна во кроењето и порабувањето на ќебенцата.
– Граѓанското здружение „Позитиво„ кои донираа волница и од неа жените во домот за стари лица „Мајка Тереза„ исплетоа калчинки и капчиња.
Посебен поздрав до тетка Наде и тетка Милевка кои испратија плетени капчиња и калчинки и голем поздрав до сите членови од сајтот за нивната хуманост.
Голема благодарност до медиумите кои ја следаа акцијата и кои не` поддржаа, а со тоа ни помогнаа што повеќе луѓе да дознаат за неа.
Дневниот весник – Дневник
Телевизиите Телма, МТВ и Сител
Порталите ТЕА Модерна, Плус инфо, Многоо, Без Пардон, Фама и Vox
Исто така и до менаџерите и вработените во спортски клуб и кафуле „Форца„ и тениски клуб и кафуле „АБЦ„ каде се одвиваа нашите акции.
Ваши „Родители и деца„