Нa шест години e најубава и има над 23 милиони следбеници на Инстаграм
Таа живее во Москва и работи како модел веќе две години. Досега се има појавено на насловните страници од најпознатите модни списанија, а моментално Алина е заштитно лице на неколку модни линии за деца. Според модните фотографи, кои имаа среќа да работат со неа, однесувањето на Јакупова пред камерата е како искусен модел кој долги години се занимава со оваа професија. Модните критичари се убедени дека во иднина девојчето го чека голем успех во светот на модата .
– Клучот за нејзиниот успех не е само заради нејзината натприродна убавина, туку и нејзината вредна работа и самодисциплина кои ги поседува и покрај нејзината мала возраст – вели нејзиниот агент Роман Кухар.
На социјалните медиуми, обожавателите ја споредуваат Алина со едно друго девојче кое пред 11 години беше избрано за најубаво – Тајлин Блондо како и со моделка Џиџи Хадид. Но нејзината мајка вели дека ќерка ѝ е многу слична со Брижит Бардо и Клаудија Шифер.
Инаку Алина е сосема обично девојче. Таа оди во градинка (иако често мора да пропушта часови поради работата), ги обожава своите миленици кучето Акита Ину, портокаловата мачка и двата папагали – подарок од нејзината мајка за неа и брат ѝ.