Депресија во бременоста
Бременоста треба да е еден од најсреќните периоди во животот на секоја жена, но понекогаш тоа е време на збунетост, страв, тага, стрес дури и депресија.
Околу 20 проценти од жените се борат со некои аспекти на депресија во тек на бременоста, а 10 проценти страдаат од голема депресија.
Депресијата е нарушување во расположението кое погаѓа 1 од 4 жени во различни периоди од животот, затоа не треба да биде чудно што оваа болест исто така може да ги погоди и трудниците.
За жал, депресијата не се дијагностицира правилно во бременоста, бидејќи најчесто ја мешаат со уште еден хормонален дисбаланс. Ова е многу опасна претпоставка, бидејќи може да нанесе голема штета на мајката и бебето.
Депресијата е болест која може да се третира и води во тек на бременоста, но најважно е да се побара помош на време.
Како да се дефинира депресијата во бременоста?
Дефиницијата за депресијата ја сместува во категоријата нарушувања во расположението. Тие се биолошки болести кои вклучуваат промени во хемијата на мозокот. Во тек на бременоста хормоналните промени можат да влијаат на хемијата на мозокот, што дирекно се поврзува со депресија и анксиозност. Ова може да биде дополнително поттикнато и од тешки животни ситуации, што резултира со предпородилна депресија или депресија во бременоста.
Симптоми
Жените можат да ги чувствуваат следните симптоми две или повеќе недели:
– постојана тага,
– тешкотии со концентрацијата,
– спиење премногу или недоволно,
– губење интерес за активностите кои претходно ги извршувале со задоволство,
– постојани мисли за смрт, самоубиство или безнадежност,
– анксиозност,
– чувство на вина или безвредност,
– промени во прехрамбените навики.
Што може да ја предизвика?
– Проблеми во врската (бракот)
– семејна или лична историја со депресијата,
– третмани за лечење на стерилитет,
– претходно доживеан несакан абортус,
– стресни животни ситуации,
– компликации во бременоста,
– историја на злоупотреба или траума,
Како влијае на бебето?
Ако не се лечи депресијата може да предизвика потенцијални опасни ризици за мајката и бебето. Нетретираната депресија може да доведе до лоша исхрана, алкохолизам, пушење и самоубиствено однесување, што може да доведе до предвремено раѓање, ниска родилна тежина и проблеми со развојот. Жената која страда од депресија нема доволно сила или желба да се грижи за себе и бебето кое расте во неа.
Што да се превземе?
Ако страдате од депресија побарајте помош. Дури и ако се сомневате дека го имате овој проблем. Зборувајте со вашиот лекар кој ќе ве насочи кај соодветни стручни лица. Третманите најчесто вклучуваат: групи за поддршка, приватна психотерапија, лекарства, лесна терапија…Најважно од сè е да ја побарате помошта кај вистинските стручњаци и да ги следите нивните совети.