Како настанува нов живот?
Што всушност се случува кога јајце клетката ќе созрее за примање на сперматозоди? Колку долго можат да преживеат сперматозодите? Како стигнува ембрионот во матката? Еве ги одговорите:
„Вшмукување“ на сперматозодите
Некогаш се сметало дека карактеристичното движење на сперматозоидите служи за да можат да ги заобиколат вагиналните пречки на патот кон јајцеводот. Денес е знае дека тоа не е точно – за време на овулацијата кај секоја жена се активира природен механизам за вшмукување со помош на кој грлото на матката го внесува сето она кое го најде зад вагиналната преграда кон горе. Тој механизам ја движи семената течност од мажот со помош на простагландинот. Женскиот организам исто така помага во движење на семената течност со контракции на матката, но не нужно за да дојде до оплодување.
Потоа траба да се открие како сперматозоидите „точно го погодуваат јајоводот“. Прилина за тоа е што на местото на кое се наоѓа јајната клетка има најголема продукција на естроген. Естрогенот заедно со засилената прокрвеност, се грижи да биде јајоводот сосема отворен. Ако на другата страна нема јајце клетка, прокрвеноста ќе биде незначителна и јајоводот „физиолошки“ се затвора. Сперматозоидите ја постигнуваат својата максимална подвижност на телесна температура од 37 степени. По овулација телесната температура на жената е дури и повисока под влијание на хормоните од жолтото тело.
Мирисот води до јајце клетката
За да се осигура дека сперматодозидот ќе го најде патот до неа, јајце клетката испраќа мирис, а тоа се нарекува хемотаксија. Научниците од универзитетот Рух Бохум, неодамна открија соодветни мирисни рецептори кои на сперматозоидите им го покажуваат патот низ јајоводот. Таков рецептор инаку може да се најде само во носот. Научниците со експерименти докажаа дека мирисот сличен на мирисот од темјанушка, ги привлекува спермадозоидите, па нивната брзина се зголемува.
Тоа откритие е блиско со тврдењето дека постои мирис кој ги поттикнува сперматозоидите да ја најдат вистинската насока на движење. Само треба да се успее да се докаже присуството на мирисот сличен на оној од темјанучки околу јајце клетката и “мирисот кој природно се активра е пронајден“ вели професор Хат, од универзитетот Бохум. Новите сознанија за начинот на кој сперматозодите го наоѓаат патот можат да ја подобрат стапката на успешност при медицински помогнато оплодување.
При потрага по мирисот кој ги привлекува сперматозоидите, научниците дошле до уште едно интересно откритие: го пронајдоа и мирис- блокаторот кој може да го блокира стимулирачкиот мирис. Професорот Хат претпоставува дека од тоа може да излезе нов начин на контрацепција: „ На сперматозоидите може фигуративно кажано, да им се затвори носот и така да се оневозможи пронаоѓањето на јајце клетката.“
Успешно оплодување
Животниот век на сперматозоидите во гениталниот тракт е до 120 часа- пред сè во грлото на матката. Во тек на целата фаза постои можност за оплодување. Исто така, ако пет дена пред овулација дојде до полов однос, постои можност жената да забремени. И конечно јајце клеката, е опкружена со уште една заштитна мембрана – позната како зона пелуцида. Таа е подеднакво дебела и слабо пропустлива. Потребен е голем број сперматозоиди кои со тимска работа ја обработуваат таа мембрана додека на едно место попушти. Дури тогаш еден сперматозоид може да се пикне низ таа пукнатина и да ја оплоди јајце клетката. Спротивно на некогашните мислења тој процес нема никаква врска со изборот на сперматозоид кој ќе влезе во јајце клетката. Најдобро е да се спореди со освојување на замок или тврдина. Во склад со тоа, за да дојде до природно оплодување, нужна е минимална концентрација на сперматозоиди. Ако тој услов не е исполнет, тимската работа не е можна и нема да може да дојде до оплодување. Тоа откритие повторно создава расправа за уште една раширена заблуда: не е точно дека најбрзиот сперматозоид ја оплодува јајце клетката, поверојатно е дека тоа е бавниот кој подоцна почнува да продира во неа.
Гнездење на оплодената јајце клетка
По успешното оплодување ембрионот оди во матката. По приближно пет дена, тој таму создава мембрана, исто така наречена зона пелуцида – и така почнува процес на гнездење. По завршување на првиот ден од одвивањето на тој процес, ембрионот под влијание на хормонот ХЦГ, почнува да создава „функционална плацента“ (синцициотрофобласт), што повторно го активра жолтото тело во јајникот, понатаму создавајќи го хормонот естроген.
Во тој случај ендометриумот останува стабилен и не доаѓа до крварење. Во случај да не дојде до имплантација, како ни до гнездење на ембрионот, ни производство на хормонот ХЦГ, жолтото тело во тек на приближно 12 дена ќе пропадне и започнува крварење.