Што предизвикува неплодност?
Да се добие дете, е наједноставна работа на светот, но не секогаш, за жал. Не ретко желбата на многу брачни двојки останува неисполнета. Многу се причините кои доведуваат до потешкотии во забременувањето.
Начин на живот како една од причините
Неисполнетата желба за дете е проблем со кој се соочуваат двајцата партнери. Но, причините за неплодност не се секогаш од здравствена природа. Големо влијание има и начинот на живот. Зголемениот стрес, прекумерното уживање во алкохол и кафе, пушењето, како и психичките проблеми можат да имаат негативни последици. Премногу висока или ниска телесна тежина исто така може да наштети на женската плодност, како и лековите. Затоа при планирање на потомство, потребно е критички да ги преиспитате своите секојдневни животни навики.
Испитување на причините
Лечењето на двојките кои не можат да зачнат секогаш вклучува детални испитувања и разговор со секој партнер поединечно. Жената на гинеколошки прегледи заедно со лекарот ќе го испита својот циклус и ќе го следат развојот на јајце клетките. Лекарот може да побра разни хормонски испитувања, пред сè за лутеинизирачкиот хормон (LH) кој предизвикува овулација. Ако се утврди дека менструланиот циклус е нередовен, плодните денови прецизно можат да се утврдат со други методи.
Мажот исто така треба да отиде на преглед кај андролог, односно да направи спермограм. Андрологот ја испитува и семената течност, пред сè густина, подвижност и облик на сперматозоидите. Се смета дека е потребно најмалку 20 милиони сперматозоиди по милилитар семена течност, од што половина треба да се со добра подвижност, за да семената течност ги задоволи критериумите за плодност. Ако вредностите не се такви, треба да се повтори спермограмот по некое време. Имено, спермограмот е слика на семената течност во одреден момент, а познато е дека на пример некоја акутна инфекција може привремено да го влоши нејзиниот квалитет. По една недела резултатите може да се многу подобри.
Здравје на половите органи
Ако циклусот и спермограмот се уредни, се поставува прашање за проодноста на јајоводите. Проодноста може да се испита со лапараскопија (влез со оптички инструменти преку стомачната шуплина) и методи кои се комбинираат со хистероскопија и хистеросалпингографија (влез низ матката, HSG). Овие методи му овозможуваат на лекарот дирекно да ги следи јајцеводите со оптички инструменти. Асистентот истовремено низ матката вбризгува во јајоводот обоена течност. Ако течноста непречено поминува низ јајоводите, тие се проодни. Покрај непроодноста на јајоводите, треба да се испита здравјето на матката и јајниците. Со ултразвук можат да се најдат миоми, цисти или други невообичаени творби на органите. Со понатамошни тестови на урина или земање бирс, лекарот ќе утврди постоење на евентуални инфекции.
Стручњак може да провери и хормонален статус кај мажот со крвен тест. При преглед исто така лекарот ќе ги напипа тестисите, мошниците и семеноводот, за да стручно ги оцени големината и обликот на тестисите. Можеби низ дебелото црево ќе ја прегледа простатата и семените меурчиња. Евентуалните инфекции се исклучуваат со тест преку урина.
Исто така можно е да се направи и посткоитален (PCT) или Симс-Хухнеров тест. Тој се прави во тек на овулација, најдоцна 12 часа по однос. Тогаш од грлото на матката се зема и микроскопски се прегледува слузот да се провери подвижноста на сперматозоидите. Тестот открива дали е неплоден и мажот или проблемот е во матката. Во тој случај може да се постави прашање и за евентуална алергија на сперматозоиди.
По серијата направени испитувања, обично се открива причината за неплодност. Во некои 40 проценти случаи станува збор за неплодност на мажот, а во исто така 40 процени случаи, неплодна е жената. Во 20 проценти случаи неплодни се двајцата партнери или не може да се најде причината за неплодноста.
Проблеми со плодноста на жената
– проблеми со созревање на јајце клетките,
– изостанок на овулација,
– неплодност причинета од запушени јајоводи, најчесто поради калмидија,
– миоми во матката,
– ендометриоза,
– запушено грло на матката поради слузни чепови кои при инфекција или хормонално пореметување не се исчистиле во тек на овулација,
– создавање антитела на јајните клетки или спермадозодите,
– хормонално пореметување (синдром на полицистични јајници, а доаѓа при прекумерна продукција на хормон пролактин или пореметување на работата на штитната жлезда),
– предвремен климакс,
– поретко – вродени органски аномалии на јајниците, јајоводот или матката,
– склоност на создавање цисти.
Проблеми со плодноста на мажот
– Олиго-астено-терато-зооспермија (ОАТ) синдром (најчеста дијагноза: премал број, намалена подвижност и абнормален изглед на сперматозодите),
– запушени семеводи, најчесто поради кламидија,
– проширена вена во мошниците (варикокела),
– повреда на тестисите,
– појава на антитела на сперматозодите,
– прележани заушки во детството,
– неспуштени тестиси кои не се навремено корегирани во детството,
– лечење со хемотерапија,
– аномалии на хромозоми (на пр. Клинефелтеров синдром при кој мажот има вишок х-хромозом),
– недоволна прокрвеност,
– дијабетес,
– недостиг на семевод (најчесто кај мажи со цистична фиброза),
– поретко – проблеми со импотенција/ерекција/ејакулација.