Прееклампсија- најопасната закана за трудниците
Поимите „прееклампсија“ и „проблематична бременост“ обично одат заедно. Освен ако не станува збор за компликации што се појавуваат кон крајот на пренаталниот период, многу жени дури и не знаат што е прееклампсија и какви се опасностите. Во случај на проблематична бременост во организмот на мајката настануваат компликации кои се закана за нејзиниот и животот на бебето. Таква е и прееклампсијата.
Ако не се открие на време може да доведе до сериозни последици, како што се кома и смрт на мајката и фетусот – пред, за време или по раѓањето. За да дознаете дали имате причина за загриженост, дознајте повеќе за оваа состојба.
Што е прееклампсија?
Овој симптом на критична бременост е просследен со висок крвен притисок (хипертензија) и на прв поглед, безопасни симптоми како што се отоци на рацете, глуждовите и лицето (поради задржување вода во организмот), брзо зголемување на телесната тежина (1,5 – 2 кг неделно). и нарушувања на спиењето. Всушност, тоа се само видливи знаци дека нешто не е во ред со телото на жената.
Покрај нив прееклампсијата се карактеризира со зголемено ниво на албумин (преку бубрезите се излачуваат во урината) и силна главоболка. Дури и во присуство на само еден од овие симптoми трeба веднаш да консултирате специјалист и да видите дали се работи за нешто сериозно.
Кога се појавува прееклампсија?
Позната уште како „токсемија“ (појава на токсични материи во крвта), обично се манифестира во последното тромесечие и се развива многу брзо, што го доведува во ризик и бебето. Проблемот може да се појави и до 6-8 недели подоцна, а ризикот е најголем во првите 48 часа. Според истражувањата преекклампсија се појавува кај 3 и 8% од бремените жени, а причините се неколку.
Генетикатa го зголемува ризикот од појава за 50%. Прва бременост над 40 години, жени кои страдаат од висок крвен притисок , дијабетес, заболувања на бубрезите, слаб имунитет.
Причини за прееклампсија
Тие не се познати, иако според некои студии тоа може да се должи на лошата исхрана, висока содржина на маснотии во телото или недоволен проток на крв во матката. За време на бременоста, на плацентата и è потребна голема количина на крв за да го поддржи развојот на фетусот. Меѓутоа, во случај на прееклампсија, телото на мајката не може да обезбеди довoлна количина на крв, што доведува до зголемен притисок и недостаток на кислород и хранливи материи за фетусот.
Болеста исто така ја нарушува функцијата на бубрезите и протеините се транспортираат од крвта во урината. Во случај на влошена состојба, погодени се и други витални органи, вклучително и црниот дроб, белите дробови, срцето, а може да дојде и до згрутчувањето на крвта. Може да резултира со опасни компликации како што се еклампсија (грчеви), церебрални крварења, пулмонален оток, оштетување на црниот дроб и ослабнување на крвта.
Симптоми на прееклампсија
– Висок крвен притисок – 140/90 и повеќе
– Ненадеен пораст на телесната тежина
– Тешка главоболка
– Нарушувања на спиењето
– Отекување на екстремитетите и лицето
– Зголемена содржина на белковини на урината, заматеност и појава на крв во урината
– Замалген вид , чувствителност на светлина
– Гадење и повраќање
– Болка и чувствителност во горниот дел на стомакот
– Промена на рефлексите
Лекување на прееклампсија
На прво место е многу одмор и редовни контроли на крвта. Редовни лекарски прегледи, како и примена на препишани медикаменти, строго според препораката од лекарот. Контролирање на внесот на течности. Внесување антиоксиданси како витамин Ц и Е. Следење на срцевиот ритам и развој на фетусот. Предвременото раѓање се одложува колку е можно подолго, но ако постои ризик за бебето и мајката, а фетусот е доволно пораснат, тогаш може порано да се направи царски рез.