• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Кујна

Капарите можат да се користат маринирани и свежи

by РиД 08/04/2023 0 Comment
 Капарите можат да се користат маринирани и свежи
фото: pexels

Младите пупки од капари познати им се на луѓето од пред илјадници години, a името наводно им потекнува од грчкиот назив на островот Кипар (Кипрос), бидејќи во изобилие растат на овој остров. Има видови кои видови растат на Кавказ и Кримските карпи, бидејќи успеваат и на голи каменести предели.

Највкусните капари доаѓаат од островот Санторини, бидејќи почвата има висока содржина на вулканска пепел. Ситните пупки се сочни, со малку лутникав вкус сличен на сенфот. Се берат кон крајот на април и мај, по што се чуваат три месеци во смеса од сол и маслиново масло. По преработката добиваат темно-зелена боја, а можат да се користат и свежи.

Обратете внимание на бојата

Во 100 грама капари има 223 калории, 2,36 грама протеини , 4,8 грама јаглехидрати и 0,86 грама масти. Капарите се богати со витамини, влакна, органски киселини, од кои најмногу има витамин Ц, јод и натриум. Тајната за ова е дека при преработка не поминуваат низ процес со топлина, што дозволува во нив максимално да се сочуваат корисните состојки.

Капарите се деликатни за собирање, поради што постигнуваат висока продажна цена. Во кулинарството најмногу се ценети најситните капари, а за првокласни се сметаат оние од Јужна Франција, кои имаат јака арома и заситен вкус на лимон. Во свежа состојба капарите треба да се тврди, целосно затворени со темно-маслинеста боја. По бербата добиваат кафеава боја, што се отстранува со преаботка со посебен вид сол.

Ако капарите имаат црна боја или се омекнати, без вкус, тие се со лош квалитет и треба да ги фрлите. Собраните капари се сушат кратко на природна сончева светлина, пред да бидат ставени во маринада.

Кај нас најчесто се продаваат маринирани во мали теглички.

Сите делови од растението се користат

Капарите во кулинарството се многу ценети и се користат за зачинување на многу јадења, пред сè за салати, сосови за разни меса, риба или тестенини. Маринираните капари можат да се консумираат и самостојно. Во некои делови од светот се користи и како туршија. Во Франција и Англија се користат младите стебленца и листови од капарот во салати и за маринади.

Зрнцата капари со години се користат и како лек. Недостиг на апетит може лесно да се преброди со земање по неколку капари пред оброк. Се смета дека џвакањето капари помага при забоболка и како смирувачко средство при нервни напрегања. Есенцијата направена од капари може да помогне во брзо зараснување на раните, дури има и благотворно дејство при зајакнување на срцето. Есенцијата од коренот на билката се смета за добар аналгетик, а есенцијата од кората е добра при неврози. Освен при забоболка капарите имаат позитивно вликјане при болести на штитната жлезда, а маслото од семето на капарите се користи за масажи. Свежите делови од растението имаат докажано коагулативно, антисептичко и анаглетско дејство.

Сепак конзумирањето капари не се препорачува за луѓе со бубрежни проблеми како и проблеми со жолчката и црниот дроб.

 

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 417

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: зачин исхрана капари
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved