• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

30 мудрости за жените во триесеттите

by РиД 20/02/2010 0 Comment
 30 мудрости за жените во триесеттите

Иако многу жени во триесетите сеуште се чувствуваат како девојчиња, сепак треба да знаат дека е дојдено време за созревање и животни мудрости. Она што на девојките им се толерира во дваесеттите години од животот, во триесеттите не поминува. Иако во таа доба сеуште се млади, некои животни мудрости треба да ги научат сепак. Еве некои од нив, а вие можете да ги додадете своите, кои сте ги откриле.

1. Најголема грешка е кога ќе сфатите дека грешите, а не правите ништо тоа да го смените.

2. Причекајте најмалку две недели по прекинувањето на врската, а тогаш договорете посета на фризер

3. На оние кои ве нервираат, кажете им го тоа в лице.

4. Дури ни најголемото намалување нема да ви помогне во погрешна величина да изгледате добро.

5. Смеењето на неговите шеги е на поголема цена од кулинарските вештини.

6. Запоменте дека вредните момци се кријат во зоната на пријателите, затоа отворете ги очите.

7. Црното ве прави послаби, дури и повеќе од диетата со грејп.

8. Ретро модата доаѓа во предвид само ако не сте ја носеле во времето кога стана популарна.

9. Најдобрите пријателки пронајдете ги во геј мажите.

10. Најдобриот секс е сигурниот секс.

11. Кога луѓето ќе ви ги откријат своите мани, верувајте им.

12. Ако неговата фотографија од профилот изгледа како да е снимена во 80-те, тогаш веројатно и е.

13. Немојте да прашувате дали сте дебели, ако не можете да поднесете искрен одговор.

14. Разговорот за работа е единствениот момент кога скромноста нема да ви оди во прилог.

15. Жена која зборува најмалку, најмногу зна.

16. Ако со него се гледате само кога ќе падне мрак, а сеуште не сте го запознале неговото семејство, ниту неговите пријатели, тогаш не е вашето вистинско момче. Без разлика на тоа колку месеци спиете со него.

17. Мажот повеќе цени добар орален секс од добро снаоѓање во кујната.

18. Немојте да пиете и праќате смс пораки на бившите љубовници во алкохолизирана состојба.

19. За три месеци се′ ќе биде поинаку за разлика од сега, затоа главата горе.

20. Кремите за заштита од сонце се императив. Без расправа.

21. Пронајдете радост во едноставните нешта.

22. Креативноста е двигател на се′ – знајте да ја наплатите.

23. Престанете да ги повторувате старите обрасци и усвојте нови облици на однесување.

24. Личноста која пред вас ги озборува другите луѓе, без сомнение ве озборува и вас.

25. Бидете отворени за примени, но бескомпромисни кога станува збор за вашите вредности.

26. Запомнете го она кое сакате, не мора да биде и она кое треба.

27. Со добар живот оди и добра фризура, затоа не штедете на фризер.

28. Голема љубов и голем успех одат со голем ризик.

29. Одличниот секс бара секогаш големо двоумење.

30. Ѕирнете малку во себе и обидете се да се запознаете подобро.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 544

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: sreka triesetti godini zeni жени среќа триесетти години
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved