Тестенини со два вида сирење
Ако сте расположени за брз оброк на тема тестенини, денес ви предлагаме да ги приготвите со превкусен сос од два вида сирење – маскрапоне и горгонзола. За приготвување нема да ви бидат потребни повеќе од 15-20 минути, а посебно ќе ги воодушеват љубителите на сирења.
За овој оброк надобри тестенини се фетучини (тестенини слични како јуфките, само се потенки н.з), тестенини машнички или фузили (тестенини како спирали н.з.). Друга опција е да го искомбинирате со полнети тестенини, како тортелини, но во тој случај ставете помалку сос.
За да го приготвите измешајте ½ чаша издробена горгонзола, ½ чаша маскарпоне, 2 лажици путер, 1 лажица мешавина од суво оригано и магдонос, сол и црн пипер по вкус. Во тенџере стопете ги сирењата да се соединат. Додајте го путерот и мешајте да се добие хомогена смеса. Зачинете со зачинските билки, сол и црн пипер по вкус. Прелејте го над сварените тестенини.
Овој класичен италијански сос од сирење најдобро се сложува со изладено шардоне, розе или мерло. За целосен оброк, послужете ги тестенините со цезар салата.