Ароматичен оцет: ефикасно средство за чистење на домот
Многу домаќинки се навикнати за чистење на домот да користат поблаги или појаки раствори од оцет. Тој е одличен за чистење на шпоретот, но и некои други мали апрати како тостер и електричен бокал за вода.
Но, на многумина им смета мирисот на оцет. Иако брзо ветрее, сепак ви советуваме да го пробате овој трик и да направите мирисен оцет по своја желба.
Ако сакате цитруси, сочувајте ја кората од лимон и портокал, а ако имате двор, наберете рузмарин или едноставно купете го. Многу јак освежителен мирис имаат и боровите иглички.
Во одделни тегли ставете кора од лимон, портокал, рузмарин и борови иглички. Залејте ги со оцет, добро затворете и оставете да стои 24 часа. Процедете и соберете ги течностите во шишенца со распрскувач и вашето ново мирисно средство за чистење е подготвено.