• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

by РиД 05/09/2023 0 Comment
 10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

Започнаа уписите во 17 училишта на „Хелен Дорон“ низ Македонија. Водечкиот светски бренд во областа на едукацијата на деца, преку револуционерна методологија за изучување на англиски јазик како мајчин јазик, Helen Doron English, го прославува својот десетти роденден во Македонија. Од својот почеток пред десет години, „Хелен Дорон“ Македонија континуирано поставува нови стандарди во областа на детското образование и изучувањето на англискиот јазик.

Започнувајќи како револуционерен проект, „Хелен Дорон“ денеска е симбол за квалитет, иновација и трансформација. Нивната уникатна методологија, која комбинира образование со забава, преку уникатни техники и методи за изучување на англискиот јазик на природен и забавен начин успеа да инспирира илјадници деца низ целата земја да го засакаат учењето и да го зборуваат англискиот јазик со самодоверба, течно и со природен акцент.

По повод 10 годишниот јубилеј на Хелен Дорон Македонија, овој викенд се оддржа голема прослава во која беа присутни сите франшизери и сертифицирани „Хелен Дорон“ учители во франшизната мрежа на „Хелен Дорон“ во Македонија.

На присутните им се обратија најзаслужните поради кои овој бренд постои во државата и успешно функционира 10 години, мастер франшизeрите Валентина Динова и Јасмина Шилегова.

Валентина Динова во своето обраќање пред присутните изрази задоволство од досегашните постигнати резултати.

„Оваа десетгодишнина е потврда за нашата посветеност кон квалитетот, иновацијата и пред сè, децата на Македонија. Благодариме на сите родители, учителите, франшизери и сите останати кои се дел од нашата заедница кои веруваа во нас и нè поддржуваа во нашиот сон. Зад нас е декада на инспирација, многу работа, посветеност и трансформација. После 10 години, со 17 отворени училишни центри и над 2.000 активни ученици, без скромност можеме да кажеме дека сме лидери во неформалното образование во државата и направивме вистинска трансформација во образованието на децата во нашата држава. Секој од нас има своја уникатна приказна што нè доведе тука, но сите имаме една заедничка цел која не спојува – нашата верба во потенцијалот на секое дете. Вербата дека преку квалитетно образование, можеме да ја менуваме судбината на нашите деца, и преку тоа судбината на целиот свет“, вели Валентина Динова.

Валентина Динова и Јасмина Шилегова, мастер франшизерки за Хелен Дорон Македонија

Јасмина Шилегова мастер франшизер на „Хелен Дорон“ Македонија пред присутните кажа дека среќа е кога нешто сами го создавате.

„Среќа е кога на прв поглед се заљубив во квалитетот на едукативниот метод на „Хелен Дорон“. Љубовта, трудот, вложеното време, непроспиените ноќи, немаат цена, тоа не се брои со бројки. Сето тоа низ годините го мерев со среќата што ми ја исполнуваше душата и сознанието дека придонесувам за правилно насочување на генерации на деца. Благодарна сум што сум дел од Helen Doron Global и што ја имам најголемата поддршка. Денес за мене е ден на благодарност. Со оваа работа научив да бидам благодарна. Ви благодарам на сите вас што сте овде. На сите учители кои си го оставате срцето во училницата, на сите франшизери кои 10 години се вложуваат оваа приказна да успее и на целиот тим на „Хелен Дорон“ Македонија за безрезервната поддршка. Сето оваа е наш заеднички успех“, кажа Шилегова.

Таа доделувајќи благодарници на сите заслужни за работата на „Хелен Дорон“ им порача дека ова е само почеток, дека следува нова декада на развој и трансформација на неформалното образование во Македонија.

Од „Хелен Дорон“ Македонија велат дека ќе продолжат да инвестираат во квалитетот на образование кое го нудат, на обуки на нашите учители, конференции и во имплементација на нови програми и алатки за учење. Целта е јасна: Менување на животот и можностите за подобра иднина на децата од нашата држава.

За Helen Doron English

Helen Doron English е светски лидер во едукацијата за деца со присуство во повеќе од 40 држави. Основата на Хелен Дорон едукацијата, е ревулуционерната методологија која се базира на природниот процес на учење на англсики јазик како мајчин јазик со над 20 програми за деца од 3- месечни бебиња до 19 годишни тинејџери, која денеска е прифатена и ценета од страна на милиони деца и нивни родители низ целиот свет.

За запознање со уникатната Helen Doron методологија сите заинтересирани може да резервираат бесплатен демо час во еден од училишните центри на овој линк.

Хелен Дорон Аеродром – 078 388 403

Хелен Дорон Центар– 071 293 613

Хелен Дорон Карпош – 078297949

Хелен Дорон Кисела Вода – 078 282 842

Хелен Дорон Капиштец – 070 984 435

Хелен Дорон Чаир – ‎072 206 622

Хелен Дорон Велес – 075 340 443

Хелен Дорон Битола – 075 232 778

Хелен Дорон Прилеп – 077 699 961

Хелен Дорон Охрид – 077 613 815

Хелен Дорон Штип – 078 757 455

Хелен Дорон Гевгелија – 078 220 391

Хелен Дорон Струмица – 071 242 476

Хелен Дорон Кочани – 071 314 499

Хелен Дорон Кавадарци – 075 448 873

Хелен Дорон Тетово – 075 277 615

Хелен Дорон Струга – 077 558 962

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 1,524

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: Helen Doron English Helen Doron Macedonia англиски за деца англиски јазик едукација Хелен Дорон Македонија Хелен Дорон метод
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved